Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Си-ен-ен: Обновено снимањето на филмот „Р’ѓа“ на чиј сет Алек Болдвин ja застрела снимателката
Македонија

Си-ен-ен: Обновено снимањето на филмот „Р’ѓа“ на чиј сет Алек Болдвин ja застрела снимателката

20/04/2023

AA

Во Јелоустонски филмски ранч во Монтана неделава се обновува снимањето на филмот „Р’ѓа“, соопшти претставник на Rust Movie Production, јави Си-ен-ен.

Продукцијата на филмот беше запрена во 2021 година откако актерот Алек Болдвин за време на подготовка на сетот истрела од реквизитен пиштол и ја уби снимателката Галина Хачинс.


>> Биди дел од нашата Viber група <<

Во истрелот беше ранет режисерот на филмот Џоел Соуза. Болдвин и Соуза се враќаат во проектот, изјавија од Rust Movie Production.

По истрелот, сопругот на Галина Хачинс, Метју, поднесе пријава против Болдвин, продуцентите и главните членови на снимателската екипа, но лани во октомври тој и актерот достигнаа вонсудски договор. Според делови од договорот, филмот треба да биде завршен со Метју Хачинс како негов продуцент.


Болдвин во јануари беше обвинет за убиство на Хачинс без предумисла. Тој се изјасни дека не е виновен.

На 21 октомври 2021 година за време на филмски сет Алек Болдвин со пиштол реквизит случајно ја застрела снимателката Галина Хачинс. Во пиштолот случајно се нашол вистински куршум. Оружјето му било предадено од помошникот режисер Дејв Холс, кој кажал дека не е наполнето. Холмс претходно бил отпуштан од снимања поради инциденти со оружјето.


TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

„ДОЦНА МИ Е ДА ГО БАРАМ КНИГОВОДИТЕЛОТ, ЌЕ ВИ ЈА

17/09/2026
Македонија

ЗЕЛ ВАП-МАШИНА ЗА ДА МИЕ ВОЗИЛО, ГО УДРИЛА СТРУЈА? На

17/09/2026
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45645
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Тајланд забранува продажба на канабис без рецепт

27/06/2025

Денес во Тајланд стапи на сила наредба со која се забранува продажба на канабис без рецепт, која ја потпиша министерот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy