Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Сиљановска: Ниту сум имала намера, ниту ќе направам такво нешто да употребам вето за да навредам некој јазик!
Македонија

Сиљановска: Ниту сум имала намера, ниту ќе направам такво нешто да употребам вето за да навредам некој јазик!

07/01/2025

AA

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска истакна дека нејзиното вето на Законот за заштита на децата не било мотивирано од партиски совети или намери за навреда, туку од почитување на Уставот и законите.

„Ниту сум имала намера, ниту некогаш ќе направам такво нешто – да употребам вето за да навредам некој јазик. Мојата единствена обврска е почитувањето на Уставот и законите,“ изјави Сиљановска-Давкова по литургијата во Соборниот храм во Скопје.

Таа објасни дека не е законодавец, ниту Уставен суд, и дека со ветото побарала уште еднаш да се разгледаат членовите 9 и 10 од законот, за кои смета дека отвораат простор за дискрециони овластувања.

„Апелирав на внимателност во формулирањето на решенијата. Не сум јас пристрасната, туку партиите кои посегаат по квалификации,“ истакна претседателката, додавајќи дека формулацијата „најмалку 20 проценти“ не е во согласност со Уставот.

Сиљановска-Давкова нагласи дека ако пратениците решат да го задржат текстот на законот, ќе го потпише указот, но изрази сомнеж дека станува збор за превид кој може да се коригира.

Од Владата потврдија дека законот ќе биде доработен и доставен во Собранието во законските рокови.

Премиерот Христијан Мицкоски, исто така, изрази увереност дека прашањето ќе се реши брзо.

„Станува збор за рутина и формалност. Членовите 9 и 10 ќе бидат коригирани согласно Уставот и Законот за јазици,“ изјави Мицкоски, додавајќи дека формулацијата што предизвика забуна наскоро ќе биде надмината.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Граѓаните на протест пред општина Куманово: Бараат поддршка за даночниот

26/01/2026
Македонија

По пријава на граѓани: ЈСП ги ажурираше инфо-дисплеите, сега ќе

26/01/2026
Македонија

ОБИД ЗА ЗЛОУПОТРЕБА НА МЕХАНИЗМИТЕ НА САМОРЕГУЛАЦИЈА ЗА ПРЕСМЕТКА СО

26/01/2026
Македонија

Град Скопје со повик до граѓаните, подмирете си ги даноците

26/01/2026
Македонија

Ако ве улови „Сејф Сити“ ќе платите казна од 15

26/01/2026
Македонија

Основниот суд Битола демантира невистинити информации и апелира за воздржаност

26/01/2026
Македонија

📷 КАМЕРИТЕ НЕ ПРОСТУВААТ Брзање, црвено и погрешно паркирање, еве

26/01/2026
Македонија

„Пет лица бевме на маса, само јас жив останав, славевме

26/01/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 40639
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Граѓаните на протест пред општина Куманово: Бараат поддршка за даночниот спор со УЈП

26/01/2026

Поранешните вработени во американските компании во Ирак и Авганистан денеска го изразија својот револт пред зградата на Општина Куманово. Главната

По пријава на граѓани: ЈСП ги ажурираше инфо-дисплеите, сега ќе гледаме кога пристигаат автобусите во

26/01/2026

Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје информира дека, по добиените реакции граѓани, инфо-дисплеите поставени на автобуските постојки, наменети за прикажување на

ОБИД ЗА ЗЛОУПОТРЕБА НА МЕХАНИЗМИТЕ НА САМОРЕГУЛАЦИЈА ЗА ПРЕСМЕТКА СО КОЛУМНИСТ И СО МЕДИУМ Советот

26/01/2026

Советот на честа при ЗНМ информира дека во изминатите неколку недели до Советот се доставени повеќе претставки од политичката партија

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy