Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Сиљановска-Давкова прими американски и македонски професори кои соработуваат во областа на археологијата
Македонија

Сиљановска-Давкова прими американски и македонски професори кои соработуваат во областа на археологијата

14/06/2025

AA

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со професори од Универзитетот Хамболт од Калифорнија, предводени од професорот Ник Ангелов, Македонец по потекло и професорот Љубен Тевдовски, од Универзитетот „Гоце Делчев“, раководител на македонско-американскиот тим којшто врши археолошки истражувања на македонска почва. На средбата присуствуваа и деканката на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, проф. д-р Емилија Петрова-Ѓоргиева и проф. д-р Верица Јосимовска, шеф на Катедрата за историја и археологија.

Професорите ја информираа претседателката за интензивната соработка на двата универзитета на полето на археологијата и ја запознаа со вредните ископувања во реоните на Битола, Демир Капија и Охрид.

Тие, преку презентирање на археолошките пронајдоци во странските стручни часописи и во медиумите, го промовираат македонското културно наследство, предизвикувајќи голем научен, но и поширок интерес за него.  

Претседателката ја поздрави и охрабри македонско-американската научна археолошка активност, оквалификувајќи го нашето археолошко наследство како национална и цивилизациска културна вредност.

Таа ја истакна вербата дека со меѓународна помош ќе ги реставрираме и направиме достапни за очите на домашната и светска јавност бројните археолошки артефакти, откриени на македонска почва.

Претседателката изрази подршка за проектот на двата универзитета, поздравувајќи ја размената на студенти, од една страна, но и важноста на археолошките пронајдоци за развојот на културниот туризам, од друга.

Воодушевени од македонското културно наследство, американските професори изјавија дека се изненадени од археолошката разновидност, од една страна, но и од староста и  слоевитоста на историјата, од друга, што е голем научен и човечки предизвик за сите нив!

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДАЛИ СО ПОТКУПОТ ОД ДАКА ЗАЕВ ИНВЕСТИРА ВО ПЛАНТАЖИ ВО

11/04/2026
Македонија

ТАЧЕ ПРИЗНА КАДЕ Е СЕГА СДСМ „Од четврто или петто

10/04/2026
Македонија

СЛЕДУВА ПРИЈАТЕН ВЕЛИГДЕНСКИ ВИКЕНД Навечер дожд, преку денот сонце и

10/04/2026
Македонија

ПОЛИЦИЈАТА УПОРНО АПСИ, НЕСОВЕСНИ УПОРНО ВОЗАТ ПИЈАНИ И БЕЗ ВОЗАЧКА

10/04/2026
Македонија

Официјално: Со возачка дозвола од „Б“ категорија ќе може да

10/04/2026
Македонија

СКОПЈАНЕЦ СНИМАЛ ВО КАСАРНАТА ВО ТЕТОВО Полицијата му поднесе кривична

10/04/2026
Македонија

Голема мечка снимена од безбедносни камери во селото Горна Белица

10/04/2026
Македонија

НИЕДНА ПАРТИЈА НЕ БИЛА ТОЛКУ ПРОГОНУВАНА ОД СОРОСОИДНАТА ПРАВДА КАКО

10/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42364
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДАЛИ СО ПОТКУПОТ ОД ДАКА ЗАЕВ ИНВЕСТИРА ВО ПЛАНТАЖИ ВО АФРИКА? Обвинителството да го истражи

11/04/2026

Колкав процент добил Зоран Заев од прорускиот бизнисмен Миодраг Давидовиќ Дака за ДУП-от во Тетово, дали парите од поткупот Заев

ТАЧЕ ПРИЗНА КАДЕ Е СЕГА СДСМ „Од четврто или петто место треба да се вратиме

10/04/2026

СДСМ веќе не се бори за првото место од втората позиција, туку се соочува со многу посериозен предизвик за враќање

СЛЕДУВА ПРИЈАТЕН ВЕЛИГДЕНСКИ ВИКЕНД Навечер дожд, преку денот сонце и северозападен ветер

10/04/2026

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди во текот на денот, најави Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе има

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy