Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Сиљановска -Давкова: Мајчиниот јазик е чувар на семејната и национална традиција, на духовното богатство и култура на еден народ
Македонија

Сиљановска -Давкова: Мајчиниот јазик е чувар на семејната и национална традиција, на духовното богатство и култура на еден народ

19/02/2026

AA

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на одбележувањето на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, што традиционално го организира Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“.

Во своето обраќање, претседателката нагласи дека мајчиниот јазик не е само инструмент за комуникација, туку и чувар на семејната и национална традиција, на духовното богатство и култура на еден народ. Таа посочи дека образованието на мајчин јазик има клучна улога во интелектуалниот и емоционалниот развој на поединецот, а почитувањето на јазичната разновидност значи почитување на културната различност.

Говорејќи дека јазикот е темел на идентитетот, чувар на колективната меморија во којашто се запишани искуствата на минатите генерации и стремежите на оние кои доаѓаат по нас, Сиљановска-Давкова истакна дека овој ден не е само повод за одбележување на важниoт јубилеј, туку и потсетник за одговорноста што ја носиме кон јазикот како културно наследство и моќно мировно оружје.

Таа потсети на заедничката обврска да го развиваме и унапредуваме македонскиот јазик не само во образованието и науката, туку и во културата, политиката, медиумите и економијата, создавајќи услови за негов развој во чекор со современиот дигитален свет.

Според неа, Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ имаше и има особено важна улога во промоцијата и заштитата на стандардниот македонски јазик.

За претседателката јазичната разноликост, како карактеристика на нашата држава, е вредно јазично богатство. Почитувањето и негувањето на јазиците, според неа, ја јакнее културата на дијалог и толеранција и помага во градењето општество во кое различноста се доживува како сила што обединува.

Свечениот настан посветен на мајчиниот јазик, обедини претставници на академската заедница, државните институции и собра на едно место академици, професори и ученици, политичари, љубители на јазикот.

Посебна тежина и убавина на настанот му дадоа учениците од средните и основните училишта, кои рецитираа стихови од познати поети на своите мајчини јазици.

Во продолжение е интегралниот текст од обраќањето на претседателката Сиљановска-Давкова.

Почитувани,

Голема е честа да се говори за македонскиот јазик, како мој и ваш мајчин јазик во неговиот македонски дом, Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“. Голем е и поводот, 21 Февруари, Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, посветен на љубовта, негата, грижата и почитта на мајчините јазици.  

Со прогласувањето, УНЕСКО целеше да ја подигне свеста за важноста на мајчиниот јазик како матична клетка на идентитетот, културата и традицијата.

И чинам, 26 години потоа, мајчиниот јазик продолжува од нас да обликува одговорни луѓе, овозможувајќи ни со него и преку него да се себезапознаеме, но и да го истражуваме другиот, поинаквиот од нас.

Без мајчиниот јазик не сме луѓе. Или како што еден од најголемите лингвисти на 20 врк, Ноам Чомски рече: „Кога го студираме јазикот, ние ѝ приоѓаме на човековата суштина“.

Всушност, јазикот е ултимативна манифестација на нашата сложена, богата внатрешност, нашиот омнипотентен идентитетски израз. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Одложено судењето за поранешниот директор на Комунална хигиена

19/02/2026
Македонија

СТАНБЕНИОТ КВАДРАТ УРИВА РЕКОРДИ, „ШАМПИОНОТ“ ЧИНЕЛ 3.776 ЕВРА! Најмногу поскапеле

19/02/2026
Македонија

Исплатени 338 милиони денари за 9.567 овоштари

19/02/2026
Македонија

Половина милион денари од буџетот завршиле за личен долг на

19/02/2026
Македонија

КАМЕНОЛОМИ КАЈ ИЗВОРОТ „ШУМ“ ЈА ЗАМАТИЛЕ СТРУШКАТА ВОДА Две фирми

19/02/2026
Македонија

ОЈО ГОКК ќе се жали на пресудите од „ПРЕМИН“

19/02/2026
Македонија

Сиљановска -Давкова: Мајчиниот јазик е чувар на семејната и национална

19/02/2026
Македонија

Нови амбасадори на повидок – Давкова вели дека повеќе од

19/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41670
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Одложено судењето за поранешниот директор на Комунална хигиена

19/02/2026

Поранешниот директор на ЈП Комунална хигиена, Сабахудин Рустеми, денеска седна на обвинителната клупа во Кривичен суд, каде што започна постапката против него

СТАНБЕНИОТ КВАДРАТ УРИВА РЕКОРДИ, „ШАМПИОНОТ“ ЧИНЕЛ 3.776 ЕВРА! Најмногу поскапеле во Куманово, Тетово, Карпош, Кисела

19/02/2026

Во втората половина од 2025 година највисок скок на цените на продадени станови, споредено со истиот период од претходната година,

Исплатени 338 милиони денари за 9.567 овоштари

19/02/2026

Над 9.500 овоштари добија финансиска поддршка од државата, откако се реализираше исплата од 338.468.141 денари за одржување на постојните овошни

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy