Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Сиљановска-Давкова ја прими раководителката на Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ, Дрогрешка
Македонија

Сиљановска-Давкова ја прими раководителката на Сеизмолошката опсерваторија при ПМФ, Дрогрешка

22/07/2025

AA

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ја прими раководителката на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, Катерина Дрогрешка, која ја информираше за работата, активностите и проблемите на најстарата сеизмолошка опсерваторија во државава, основана во 1957 година.

Дрогрешка укажа дека опсерваторијата се наоѓа во драматична состојба заради недостиг на сеизмолошки инструменти и кадар, соочена со опасност од затворање на сеизмолошките станици добиени и користени во рамките на апликативен проект.

Со оглед на националното значење на Сеизмолошката опсерваторија, соговорничките ги разгледаа можностите за надминување на енормните проблеми.

За претседателката, стабилната и научно базирана сеизмолошка мрежа има стратешка важност во превенција, навременото информирање и заштита на населението од земјотреси. Таа ја истакна важноста за македонскиот образовен систем на едукативните програми и работилници организирани од опсерваторијата.

Обете се заложија за континуирано подигање на свеста за ризикот од земјотреси и за нужноста од институционална поддршка на научно-истражувачката и апликативната дејност во сеизмологијата.

Дрогрешка ја покани претседателката да ја посети Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет за директно да ги воочи состојбите.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Општина Тетово алармира: Лажно известување циркулира меѓу граѓаните кај булеварот

10/06/2026
Македонија

Две лица приведени од вкупно седум пријави за семејно насилство

10/06/2026
Македонија

Ангелова: СДСM не може да ги поднесе резултатите на министерот

10/06/2026
Македонија

Невреме зафати повеќе делови од Македонија, УХМР издаде итно предупредување

10/06/2026
Македонија

Трагедија во основно училиште: На вработена ѝ се слошило и

10/06/2026
Македонија

33-годишник од Карбинци силувал малолетничка и ѝ пренел заразни болести

10/06/2026
Македонија

Собранието ја констатираше оставката на вицепремиерот Арбен Фетаи

10/06/2026
Македонија

Нестабилно време со дожд, грмежи и можност за невреме

10/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43692
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Општина Тетово алармира: Лажно известување циркулира меѓу граѓаните кај булеварот „Благоја Тоска“

10/06/2026

Општина Тетово упати итен апел до јавноста, а особено до жителите кои живеат во близина на булеварот „Благоја Тоска“, предупредувајќи

Две лица приведени од вкупно седум пријави за семејно насилство во последното деноноќие

10/06/2026

На 10.06.2026 во 03:10 часот во СВР Скопје, 36-годишна жена пријави дека на 09.06.2026 околу 23:00 часот на подрачјето на

Ангелова: СДСM не може да ги поднесе резултатите на министерот Трипуновски во земјоделството

10/06/2026

На денешната собраниска седница се обрати пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Емилија Ангелова која оцени дека интерпелацијата поднесена против министерот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy