Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Шведска е лидер во Европа во однос на обновливите извори на енергија
Македонија

Шведска е лидер во Европа во однос на обновливите извори на енергија

28/12/2023

AA

Додека Европската унија (ЕУ) бележи напредок во користењето на обновливите извори на енергија, со учеството на 23 проценти во 2022 година, земјите од Балканскиот Полуостров се соочуваат со различни предизвици во нивната енергетска транзиција. Некои од балканските земји сè уште во голема мера се потпираат на јаглен, додека има постепено, но значајно поместување кон обновливите извори на енергија.

ЕУ ги ревидираше своите цели за обновлива енергија до 2030 година, зголемувајќи ги од првичните 32 проценти на амбициозни 42,5 проценти, со цел дополнително да ја зголеми целта на 45 проценти. Во Унијата зголемувањето во однос на 2021 година изнесува нешто повеќе од еден процент, пренесува порталот за енергетика.

Како лидер во ЕУ се издвојуваат скандинавските земји, особено Шведска, со речиси две третини (66,0 проценти) од вкупната потрошувачка на енергија од обновливи извори, пред се од хидроцентрали, ветер и биогорива. Следува Финска со речиси 48 отсто, која исто така се потпира на хидроенергијата и ветерот, потоа Летонија со 43,3 отсто, чиј фокус е на хидроцентралите и Данска со над 40 отсто, со најголем фокус на ветерните централи, пренесува Еуростат. .

Земјите со најмал удел на ОИЕ се Ирска, Малта, Белгија и Луксембург, а сите четири имаа меѓу 13 и 14 проценти. Од 27 земји-членки, 17 пријавиле дека имаат процент под просекот на ЕУ, кој, како што споменавме, изнесуваше 23 проценти за претходната година.

Што се однесува до земјите од нашиот регион, во Србија, Босна и Херцеговина и Северна Македонија, производството на електрична енергија од јаглен сè уште зазема значителен удел, со 52 отсто во Србија, 49 отсто во Босна и Херцеговина и 37 отсто во Северна Македонија. Податоците укажуваат на традиционалната енергетска инфраструктура и предизвиците во процесот на декарбонизација.

Од друга страна, хидроенергијата игра важна улога во земјите. Србија произведува околу 30 отсто од својата електрична енергија од водни ресурси, поради што е втор најважен извор на енергија, додека Босна и Херцеговина бележи околу 37 отсто, Хрватска околу 35 отсто, а Северна Македонија околу 15 отсто. Хидроенергијата е еден од најважните извори на обновлива енергија во земјите од регионот, покажуваат податоците на „Електрицити мапс“.

Исто така, Хрватска, како земја и од регионот и од ЕУ, има низок процент на производство од јаглен, но повеќе се потпира на природен гас (околу 13 проценти) и развива енергија од ветер, која сочинува околу 13 проценти од вкупното производство на електрична енергија. .

Додека ЕУ поставува сè поамбициозни цели за обновливата енергија, балканските земји тргнуваат на патот на енергетска транзиција.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Страшна несреќа во скопско, се судрија две возила – едно

17/02/2026
Македонија

ГИ ПОЗНАВАМЕ СИТЕ КАНДИДАТИ ЗА ДРЖАВЕН ОБВИНИТЕЛ И НЕМАШЕ ПОТРЕБА

17/02/2026
Македонија

Внимавајте: Врне снег на Пониква и на патниот правец Штип-Неготино

17/02/2026
Македонија

НАСЕР СЕЛМАНИ ВИНОВЕН ЗА КЛЕВЕТА И НАВРЕДА НА КАНАЛ 5

17/02/2026
Македонија

Панчевски со документ ја демантира одлуката на Советот на обвинители:

17/02/2026
Македонија

„НE СМЕ БЕЗНАДЕЖЕН СЛУЧАЈ“ Костадиновски смета дека „Сејф сити“ има

17/02/2026
Македонија

Уставен со 4 предмети за „Сејф сити“ – Костадиновски: Проектот

17/02/2026
Македонија

Оштетени возила: Падна дрво во близина на средното економско училиште во

17/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41583
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy