
ШВАЈЦАРИЈА ЗА ЦАРИНИТЕ НА ТРАМП: Oва е аларм
За царините кои ги воведе американскиот претседател Доналд Трамп за многу земји со реакција се јави и Швајцарија. Претседателката на Швајцарија, Карин Келер-Сутер денеска предупреди дека воведувањето американски царини за Швајцарија од 31 отсто е „аларм“. Швајцарија засега не планира никакви одмазднички мерки, „вратата не е затворена за ниту една опција во оваа фаза“.
Таа додаде дека треба да ги решат работите на преговарачката маса.
И во САД има поделени мислења на темата за царините.