Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ШТО ВЕЛИ АДВОКАТ: Дали момчето кое изврши масакр ќе одговара?
Регион

ШТО ВЕЛИ АДВОКАТ: Дали момчето кое изврши масакр ќе одговара?

03/05/2023

AA

Масакр во училиште денеска ја потресе Србија. Адвокатот Предраг Савиќ објасни дека доколку малолетниот К.К. осомничениот кој утрово уби девет луѓе во основното училиште „Владислав Рибникар“, нема повеќе од 14 години, не може кривично да одговара.

Како што прецизира Савиќ во изјавата за Танјуг, ако осомничениот има повеќе од 14 години се постапува како малолетник и како најстрога казна може да му се изрече посебна мерка, а доколку се утврди дека има ментално растројство, може да му се изрече мерка за лекување во посебна установа.

Законот за малолетници предвидува дека постар малолетник може да биде осуден на пет години затвор.

Адвокатот нагласува дека во Србија старосната граница за кривична одговорност е 14 години, а во некои земји таа граница е 12 или 10 години, како во Англија.

Според Савиќ, како дел од поглавјето 23 во пристапните преговори со Европската унија било споменато дека во Србија треба да се намали старосната граница, но тоа не се случило.

„Во некои земји дури и родителите во вакви случаи можат да одговараат за кривично дело убиство, додека кај нас законот не го предвидува тоа“, посочи адвокатот.

Објасни дека во некои држави во САД малолетниците можат да бидат осудени на смрт, а нивните родители да одговараат за кривично дело убиство.

Родителите на детето кое го сторило ова кривично дело можат да одговараат за кривично дело запуштање на детето за кое е предвидена казна затвор до три години, а можат да одговараат и по граѓанска тужба од страна на родителите на повредените деца. Родителите на ранетите и убиените деца ќе можат, освен родителите на осомничениот, да го тужат училиштето и осигурителната компанија доколку децата биле осигурани. Инаку, детето не се каело за она што го стори и во полиција раскажал што се случило. Цел месец се спремал да го изврши злосторството. Имал и список на лица кои планирал да ги убие. Рекол дека знае што прави. Пред две години бил акј психолог поради врсничко насилство.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Филипче ги посети оризопроизводителите од кочанско, им вети ќе предложи

31/08/2026
Македонија

Возен ред за градскиот воз од Зелениково до Скопје

31/08/2026
Македонија

Данела Арсовска избрана во работната група на G20 B20 за

31/08/2026
Македонија

7 активни пожари низ Македонија

31/08/2026
Македонија

Нови сведоштва на судењето за серијата убиства во Старо Нагоричане

31/08/2026
Македонија

26 подрачни училишта привремено затворени поради недостиг на ученици

31/08/2026
Македонија

Небанкарскиот финансиски сектор порасна за 22,1 отсто за една година

31/08/2026
Македонија

Од утре стартува „Градски воз“: Зелениково и Скопје добиваат нова

31/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45355
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Филипче ги посети оризопроизводителите од кочанско, им вети ќе предложи законски решенија за помош

31/08/2026

СДСМ ќе предложи конкретни мерки за проблемите со кои земјоделците се соочуваат, како што најавивме за лозарите, но и за

Возен ред за градскиот воз од Зелениково до Скопје

31/08/2026

Од 1 септември 2026 година повторно ќе биде достапна железничката врска меѓу Зелениково и Скопје, со градски воз кој ќе

Данела Арсовска избрана во работната група на G20 B20 за економски раст

31/08/2026

Екс градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, објави дека е избрана за член на G20 United States B20 2026 Economic Growth

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy