Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Митрески до ВМРО-ДПМНЕ: Што поскоро да кажат на која комисија да се разгледува Договорот за коридорите
Македонија

Митрески до ВМРО-ДПМНЕ: Што поскоро да кажат на која комисија да се разгледува Договорот за коридорите

03/05/2023

AA

Бидејќи ВМРО-ДПМНЕ бараше да се разгледува Договорот за коридорите, самите да одлучат на која комисија, кога и каде сакаат да се разгледува, да донесат одлука како да се движи во Собранието и тоа да го направат што поскоро, рече денеска во одговор на новинарско прашање координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески.

Ако го анализирате вчерашниот ден кога главна тема беше каде ќе се разгледува Договорот за коридорите, дополни Митрески, првата шпекулација од ВМРО-ДПМНЕ беше дека наводно мнозинството бара начин како Договорот воопшто да не се разгледува.

-На тоа одговоривме и како став беше прифатен на координација кај претседателот на Собранието ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи бараше да се разгледува Договорот за коридорите, самите да одлучат на која комисија, кога и каде сакаат да се разгледува, да донесат одлука како да се движи во Собранието и тоа да го направат што поскоро. Кога видоа дека немаат одговор а целта очигледно им е да продолжат со шпекулации, почнаа со нови измислици и шпекулации дека договорот треба да биде даден на разгледување неколку дена. Иако точно знаат дека согласно законските одредби за класифицирани информации и Уредбата на Влада донесена 2004 година за ваков тип договори тоа не е можно на тој начин затоа што има пропишано начин. Затоа уште еднаш апелирам ВМРО-ДПМНЕ да кажат на која комисија и каде сакаат да се разгледува Договорот и тоа да биде побрзо, наведе Митрески.

Според него, само на тој начин ќе се прекинат сите шпекулации поврзани со најголемиот инфраструктурен проект од независноста до денес.

-ВМРО-ДПМНЕ само се служи со лаги и само да го одолговлекуваат овој национален проект, рече координаторот на пратеничката група на СДСМ.

По објавата на ставот од координацијата што се одржа вчера кај претседателот на Собранието во однос на барањето од ВМРО-ДПМНЕ за претставување на Договорот пред пратениците со безбедносен сертификат а на која не присуствуваше ВМРО-ДПМНЕ, пратеникот од оваа партија Антонио Милошоски на прес-конференција истакна дека тие според Законот за класифицирани информации бараат да им биде биде даден на увид Договорот за „Бехтел и Енка“, а не, како што рече, некој министер да им го раскажува.

Според него, мнозинството се обидува „да игра со формата на оваа тема“.

-Формата е помалку битна, туку битна е содржината. За да има комисиска расправа мора да има материјал. Не мое да има седница ако нема материјал. Материјалот на оваа тема е Договорот, нека ни го достават, нека ни дадат време да го разгледаме и ќе излеземе пред јавноста со забелешки кои работи се добри, штетни или кој пречекорил законски овластувања на штета на Буџетот, наведе пратеникот Милошоски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Филипче ги посети оризопроизводителите од кочанско, им вети ќе предложи

31/08/2026
Македонија

Возен ред за градскиот воз од Зелениково до Скопје

31/08/2026
Македонија

Данела Арсовска избрана во работната група на G20 B20 за

31/08/2026
Македонија

7 активни пожари низ Македонија

31/08/2026
Македонија

Нови сведоштва на судењето за серијата убиства во Старо Нагоричане

31/08/2026
Македонија

26 подрачни училишта привремено затворени поради недостиг на ученици

31/08/2026
Македонија

Небанкарскиот финансиски сектор порасна за 22,1 отсто за една година

31/08/2026
Македонија

Од утре стартува „Градски воз“: Зелениково и Скопје добиваат нова

31/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45355
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Филипче ги посети оризопроизводителите од кочанско, им вети ќе предложи законски решенија за помош

31/08/2026

СДСМ ќе предложи конкретни мерки за проблемите со кои земјоделците се соочуваат, како што најавивме за лозарите, но и за

Возен ред за градскиот воз од Зелениково до Скопје

31/08/2026

Од 1 септември 2026 година повторно ќе биде достапна железничката врска меѓу Зелениково и Скопје, со градски воз кој ќе

Данела Арсовска избрана во работната група на G20 B20 за економски раст

31/08/2026

Екс градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, објави дека е избрана за член на G20 United States B20 2026 Economic Growth

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy