Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Што купуваме? На македонска граница запленети 20.000 фалсификати од 57 „брендови“
Македонија

Што купуваме? На македонска граница запленети 20.000 фалсификати од 57 „брендови“

26/05/2025

AA

Царинската управа на Македонија бележи значителен напредок во борбата против фалсификуваната стока – само во првите пет месеци од годинава запленети се 49.638 парчиња фалсификати, што е повеќе од двојно во споредба со истиот период лани.

Во запленетата стока има над 6.000 парфеми, 5.000 пара обувки, 5.000 парчиња облека, како и други производи со ознаки на 57 познати заштитени трговски марки. Досега во 20.000 од запленетите артикли е потврдено дека се работи за фалсификати, додека останатите се предмет на натамошна проверка.

Царинските службеници откриле 51 случај на повреда на правото од интелектуална сопственост, од кои 19 случаи се веќе потврдени како обид за внес на лажна стока на домашниот пазар.

„Еден од главните приоритети е ефикасна борба против фалсификатите преку зајакнати контроли и соработка со носителите на правата,“ изјави директорот на Царината, Бобан Николовски. Тој истакна дека веќе се регистрирани 75 случаи на заплени, наспроти 29 случаи во истиот период минатата година.

Успехот на Царинската управа беше препознаен и од глобалната организација РЕАКТ Балкан, која додели благодарници на секторите за контрола, истраги и акцизи за нивниот придонес во спречување на трговијата со фалсификати.

На средба со менаџерот на РЕАКТ Балкан, Катерина Хаџистојанова, било разговарано за унапредување на процедурите за потврда на оригиналноста на стоката и за побрзо уништување на фалсификуваните производи.

Застапниците на трговските марки истакнале дека институциите прават видлив напредок, што е потврдено и со официјалните бројки и резултати на терен.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПАД ОД КАРПА КАЈ МАРКОВИ КУЛИ Тешко повреден српски државјанин

11/04/2026
Македонија

СОНЦЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Температурите ќе достигнат до 20 степени

11/04/2026
Македонија

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран

11/04/2026
Македонија

ПРИТИСОК ВРЗ СОФИЈА ЗА НЕПРАВДАТА КОН МАКЕДОНЦИТЕ Во рок од

11/04/2026
Македонија

📷 📽️ НЕ ШМРКАВ КОКАИН И НЕ БЕВ КРИМИНАЛЕЦ ЗА

11/04/2026
Македонија

Македонија меѓу земјите со најголемо поскапување на јајцата пред Велигден

11/04/2026
Македонија

ПОВРЕДЕН ПИТ-БУЛ НАЈДЕН ВО БАГАЖНИК, УЧЕСТВУВАЛ ВО БОРБИ Приведени 19-годишник

11/04/2026
Македонија

📷 ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА ГИ ВАПЦАШЕ ЈАЈЦАТА Сиљановска-Давкова повика на надеж и

11/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42390
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПАД ОД КАРПА КАЈ МАРКОВИ КУЛИ Тешко повреден српски државјанин

11/04/2026

Државјанин на Србија се здобил со тешки повреди откако паднал од карпа за време на спортски активности на непристапен терен

СОНЦЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Температурите ќе достигнат до 20 степени

11/04/2026

Утре во Македонија времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран на семејно насилство во земјата

11/04/2026

Три лица се уапсени, а вкупно шест случаи на семејно насилство се пријавени во последните 24 часа во Штип, Куманово,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy