Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ШТО КАЖУВА СТАТИСТИКАТА ЗА НАШАТА ТРГОВСКА РАЗМЕНА СО САД – извозот сѐ досега бил помал од увозот, ама постојано се зголемувал
Економија

ШТО КАЖУВА СТАТИСТИКАТА ЗА НАШАТА ТРГОВСКА РАЗМЕНА СО САД – извозот сѐ досега бил помал од увозот, ама постојано се зголемувал

03/04/2025

AA

Во минатата година
Македонија имала вкупна трговска размена со САД на сума од 290,6 милиони евра,
покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Тоа е намалување за 2 проценти
во однос на претходната 2023 година, кога нашата вкупна размена со САД била на
ниво од 296,6 милиони евра.

Со оваа вкупна
меѓусебна размена, Америка лани била 17 држава по ред во
категоријата на наши 20 најголеми трговски партнери.

Од овие пари, односно
вкупно разменети 290,6 милиони евра, ние во Америка сме извезле, односно сме
продале таму стоки за 109,6 милиони евра, што е зголемување за дури 121 отсто во
однос на 47 милиони евра кои сме ги извезле во целата 2023 година.

Додека, пак,
Американците нас за цела мината година ни продале стоки и производи во вредност
од 180,9 милиони евра, што е намалување за 26,7 отсто во однос на претходната
година.

Овие податоци
говорат дека ние со САД сме имале дефицит во размената во минатата година, но
јазот бил значително намален, бидејќи извозот пораснал драматично, а увозот кон
таа земја бил намален.

На нашиот извоз
таму сега ќе плаќаме царини од 33 отсто, додека, пак, нашите царини на нивниот
извоз тука се 65 проценти.

Ако го земеме
јануари годинава, пак, Македонците и Американците вкупно размениле 33,1 милиони
евра, што било за 85,5 отсто повеќе од јануари 2024 година. САД во јануари
годинава биле 12 според обемот на размената трговски партнер на нашата држава.

Во јануари
годинава ние во Америка сме извезле стоки вредни 21,1 милиони евра, што е
огромно, речиси трикратно зголемување на извозот во однос на јануари лани, кога
извозот бил само седум милиони евра.

Од САД, пак, сме
увезле стоки во вредност од близу 12 милиони евра, што е раст за 11,5 отсто во
однос на јануари претходната година.

Што значи дека
дефицитот продолжувал, но постојано одел кон натамошно ублажување со текот на
времето, тренд кој сега може да биде прекинат.

Само за
илустрација, со Германија лани сме размениле 4,3 милијарди евра, од кои извоз
биле 3,1 милијарди евра, додека, пак, на увоз отпаднале 1,2 милијарди евра. Но,
со нашиот најголем трговски партнер не ни е добро тоа што извозот е намален, а
увозот е зголемен, но тој тренд сед ублажува во јануари оваа година. 

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НОВО ПОГЛАВЈЕ ЗА СТАБИЛНОСТ И РАЗВОЈ НА ДРЖАВАТА „Стратегијата Македонија

08/12/2025
Македонија

ПОТРЕБНА НИ Е ПОВИСОКА ЦЕЛ ОКОЛУ КОЈА ЌЕ СЕ СПЛОТИМЕ

07/12/2025
Македонија

Полиција откри голема количина алат во „Мерцедес“ на автопатот Табановце-Куманово

07/12/2025
Македонија

ДОАЃА МНОГУ ПОТОПОЛ ПЕРИОД Темпратурата седната недела ќе се искачи

07/12/2025
Македонија

„Имаме ли мир?“ – моќна порака од Сиљановска што одекна

07/12/2025
Македонија

НАМ НИ Е ПОТРЕБНА ПОВИСОКА ЦЕЛ ОКОЛУ КОЈА ЌЕ СЕ

07/12/2025
Македонија

Возило со американски ознаки излета од патот кај Кичево, едно

07/12/2025
Македонија

Со пиштол ограбена обложувалница во Струга

07/12/2025
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 38617
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НОВО ПОГЛАВЈЕ ЗА СТАБИЛНОСТ И РАЗВОЈ НА ДРЖАВАТА „Стратегијата Македонија 2030“ е визија за модерна,

08/12/2025

Стратегија  усвоена вчера на Конгресот на партијата во Кавадарци „Ново поглавје –Македонија 2030“ значи визија за модерна, стабилна и европски

ПОТРЕБНА НИ Е ПОВИСОКА ЦЕЛ ОКОЛУ КОЈА ЌЕ СЕ СПЛОТИМЕ Сиљановска-Давкова повика да се потсетиме

07/12/2025

Пред нас е задачата да ја спречиме фрагментацијата на македонското општество со тоа што одново ќе ги научиме доблестите коишто

Полиција откри голема количина алат во „Мерцедес“ на автопатот Табановце-Куманово

07/12/2025

На 07.12.2025 на автопатот Табановце-Куманово, полициски службеници од Мобилната единица за компезаторни мерки при ОГРМ ги лишија од слобода Л.А.(32)

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy