Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ШТО ЌЕ БИДЕ АКО УЈП СТАПИ ВО ГЕНЕРАЛЕН ШТРАЈК: Битиќи се надева дека нема,се чека помирувачот да ги реши работите
Економија

ШТО ЌЕ БИДЕ АКО УЈП СТАПИ ВО ГЕНЕРАЛЕН ШТРАЈК: Битиќи се надева дека нема,се чека помирувачот да ги реши работите

22/06/2023

AA

Вработените во УЈП веќе неколку дена протестираат како резултат на барањата за повисоки плати. Доколку од страна на Министерството за финансии не биде потпишан новиот колективен договор, вработените најавуваат генерален штрајк.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи не очекува Управата за јавни приходи (УЈП) да стапи во генерален штрајк. Според него, не би требало основните процеси во државата да бидат доведени во прашање. Сите вработени во јавниот сектор и администрацијата заслужуваат достоинствени плати, но местото за изнаоѓање решение, нагласи, е на маса, преку дијалог.

Владата, подвлече Битиќи, е отворена за разговор со сите страни, а парцијалните решенија не даваат резултат.

-Мислам дека не би требало да има генерален штрајк, особено не би требало основните процеси во државата да бидат доведени во прашање. Помирувачот, кој мислам дека веќе е назначен, ќе си ја направи својата работа, а ние секој ден сме отворени да разговараме со сите страни за да најдеме решение. Информации кажуваат дека побарале помирувач. Имаат временски период од десетина дена за да бараат решение. Сум кажал, и кога имавме уште поголеми кризи, дека местото за наоѓање решение е на маса, преку дијалог, а не со еднострани дела како штрајкот, истакна Битиќи.

Тој дополни и дека се одржал координативен состанок со министрите и директорите засегнати со најавениот штрајк во УЈП и протестите во Царинската управа.

-Кажавме дека навистина сакаме решението да биде одржливо. Парцијалните решенија не даваат резултат. За жал, тоа што се случи во Министерството за финансии е резултат на измена на Законот кој неколку години стоеше во собраниска процедура и дојде во момент кога ние наоѓавме одржливо решение. Навистина сме многу блиску со решението во Општиот колективен договор, требаше денеска да имаме Економски социјален совет, но од ССМ најавија дека не можат да присуствуваат зашто не се во државата. Мислам дека следната недела ќе имаме, но во меѓувреме ќе испратиме нов предлог според кој во брза иднина сите вработени во јавниот сектор, не само УЈП и Царинската управа, ќе добијат достоинствени плати, какви што заслужуваат, а за кои мора да сториме се. Луѓето во јавниот сектор и администрацијата навистина заслужуваат достоинствени плати, подвлече вицепремиерот. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НАЈГОЛЕМ БУЏЕТ ЗА ОДБРАНА ВО 30 ГОДИНИ Мисајловски од Минхен

14/02/2026
Македонија

ДОЖДЛИВ ВИКЕНД, СНЕГ НА ПЛАНИНИТЕ Времето ќе се стабилизира кон

13/02/2026
Македонија

УКРАЛ ПЛАТЕЖНА КАРТИЧКА И ПОТРОШИЛ 161.800 ДЕНАРИ Kартичката пет месеци

13/02/2026
Македонија

📽️ ЗАЕДНИЧКАТА ИЗЈАВА СО БЕЛАТА КУЌА Е УСПЕХ НА СИТЕ

13/02/2026
Македонија

Вчера уапсени 10 возачи поради возење без возачка дозвола

13/02/2026
Македонија

Царинските формалности ја забавуваат испораката на онлајн-пратките, појаснуваат од „Пошта“

13/02/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА ЗАСЛУЖУВА ПАТ КОН ЕУ БЕЗ УСЛОВУВАЊА Посветени сме на

13/02/2026
Македонија

30-годишен скопјанец истепан во трговски центар од жена!

13/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41440
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НАЈГОЛЕМ БУЏЕТ ЗА ОДБРАНА ВО 30 ГОДИНИ Мисајловски од Минхен најави модернизација и 10-годишни договори

14/02/2026

Ова е историски најголем буџет за одбрана издвоен во рамки на Владата во овие над 30 години во Македонија. Благодарност

ДОЖДЛИВ ВИКЕНД, СНЕГ НА ПЛАНИНИТЕ Времето ќе се стабилизира кон средина на следната седмица

13/02/2026

Времето в сабота, 14 декември, ќе биде променливо облачно наместа со слаби врнежи од дожд. Ќе дува умерен, долж Повардарието

УКРАЛ ПЛАТЕЖНА КАРТИЧКА И ПОТРОШИЛ 161.800 ДЕНАРИ Kартичката пет месеци била активна

13/02/2026

ОВР Кочани поднесе кривична пријава против С.З.(40) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy