Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ШТО ЈА „НАГРИЗА“ ЧОКОЛАДНАТА ДОБИВКА ВО ПРВИОТ КВАРТАЛ – еве кои се причините за намалениот профит на „Европа“
Економија

ШТО ЈА „НАГРИЗА“ ЧОКОЛАДНАТА ДОБИВКА ВО ПРВИОТ КВАРТАЛ – еве кои се причините за намалениот профит на „Европа“

02/05/2023

AA

Намалена добивка за близу две третини во однос на истиот период лани. 

Чоколадната фабрика „Европа“ го објави финансискиот извештај за првиот квартал од годинава, кој покажува дека во првите три месеци тоа акционерско друштво остварило нето добивка од над 101 илјади евра, што е намалување за цели 68 отсто во однос на истиот период од минатата година. Имено, во првото тримесечје лани добивката на „Европа“ изнесувала 322 илјади евра. 

Во периодот 01.01-31.03.2023 година компанијата остварила вкупни бруто приходи на износ од 208.470.846 денари, кои се зголемени за 1,5 отсто во однос на  бруто приходите од 2022 година за истиот период.

Вкупните оперативни приходи за првиот квартал се зголемени за 4,1 отсто во однос на 2022 година. Останатите приходи се зголемени за 9,8 проценти, а кај финансиските приходи зголемувањето
е 321,7 отсто во однос на 2022 година.

Вкупните расходите се зголемени за 9,9 отсто во односна минатата година.Оперативните
расходи во периодот 01.01-31.03.2023 година се зголемени за 9,8 проценти, а финансиските расходи се зголемени за 60,1  отсто во однос на 2022
година.

Во своето образложение на финансискиот резултат за првиот квартал од годинава од „Европа“ нагласуваат дека нивната добивка е намалена за 68,5 проценти, а како причини ги наведуваат енормното зголемување на цените на енергенсите, суровините и амбалажата, но и неопходното зголемување на платите, што го донеле измените на Законот за минимална плата, како и зголемената инфлација во земјава. 

„Намалувањето на добивката
за првиот квартал од 2023 година се должи на енормното зголемување на цените на
енергенсите, суровините и амбалажата, како главни производни инпути и
потешкотиите за нивно следење, со цел да се постигне конкуретна цена на нашите
производи на пазарот. Тие имаа директно влијание на 

количинскиот пад на продажбата за 13,6 отсто, поради намалените нарачки
од нашите купувачи,а тоа пак негативно се одрази и на падот на производството
за 12,6 проценти“, објаснуваат од компанијата во своето образложение на финансискиот резултат. 

Растот на инфлацијата, како што дополнуваат, наметнал потреба од зголемување и на бруто
платите за вработените за 15 отсто, кои исто така имаат влијание на порастот на
вкупните оперативни расходи. 

Од компанијта додаваат и дека новите законски измени за минималната плата, со
примена од 01.03.2023 година, исто така дополнително го зголемиле трошокот за
бруто плата.

„И покрај сите турбулентни потешкотии во изминатиот период, АД Европа со успешно менаџирање со продажбата, преку зголемување на
продажните цени и намалување на останатите индиректни трошоци, успеа да се одржи
на пазарот и да оствари позитивен финансиски резултат, но со осeтно намалување од 68,5 отсто во однос на истиот период од 2022 година“, се вели во образложението од компанијата.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

РЕГИСТРИРАН ЗЕМЈОТРЕС ОД 3,3 РИХТЕРОВИ СТЕПЕНИ Епицентарот бил во близина

24/09/2026
Македонија

СРЕДБА МИЦКОСКИ-ВУЧИЌ ВО ЊУЈОРК Разговори за унапредување на соработката

24/09/2026
Македонија

ЗАВРШИ ВРЕМЕТО НА ВРАБОТУВАЊЕ САМО ПО ЕТНИЧКИ КЛУЧ Министерот Минчев

24/09/2026
Македонија

КРВАВ ИНЦИДЕНТ ВО СКОПЈЕ Со остар предмет нападнал сосед, неговата

24/09/2026
Македонија

МИЦКОСКИ НА КОМЕМОРАЦИЈА НА ТЕРОРИСТИЧКИТЕ НАПАДИ ВО ЊУЈОРК Марк Руте

24/09/2026
Македонија

ДИРЕКТНА ЛИНИЈА СКОПЈЕ-ДУБАИ ОД МАРТ В ГОДИНА Министерот Николоски за

24/09/2026
Македонија

НА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ИМ СЕ ИСПЛАТЕНИ 105,8 МИЛИОНИ ЕВРА, 90% ОД

24/09/2026
Македонија

СО ДАТА-ЦЕНТРИТЕ ОЧЕКУВАМЕ СТРАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ ОД 500 МИЛИОНИ ДОЛАРИ Министерот

24/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45787
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

РЕГИСТРИРАН ЗЕМЈОТРЕС ОД 3,3 РИХТЕРОВИ СТЕПЕНИ Епицентарот бил во близина на Битола

24/09/2026

Вечерва во 22:18 часот по локално време, во југозападниот дел на Македонија е регистриран земјотрес со магнитуда од 3,3 степени

СРЕДБА МИЦКОСКИ-ВУЧИЌ ВО ЊУЈОРК Разговори за унапредување на соработката

24/09/2026

Премиерот Христијан Мицкоски во Њујорк остварил средба со српскиот претседател Александар Вучиќ. – Остварив средба со претседателот на Република Србија,

ЗАВРШИ ВРЕМЕТО НА ВРАБОТУВАЊЕ САМО ПО ЕТНИЧКИ КЛУЧ Министерот Минчев ветува мерит систем, каде знаењето

24/09/2026

Заврши времето кога само етничката припадност беше услов за добивање работно место во јавниот сектор, а новиот закон за правична

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy