Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ШТО ЈА ЧЕКА ЕВРОПА ВО 2024 ГОДИНА? Еве ги прогнозите на ОЕЦД
Економија

ШТО ЈА ЧЕКА ЕВРОПА ВО 2024 ГОДИНА? Еве ги прогнозите на ОЕЦД

12/12/2023

AA

На глобално ниво, се предвидува растот да забави до 2,7 отсто во 2024 година, од 2,9 отсто оваа година, пред да се зголеми на 3 отсто во 2025 година, поради закрепнувањето на растот на реалниот доход и пониските каматни стапки, се вели во анализата.


Според ОЕЦД, еврозоната може да очекува годишен раст на БДП од 0,5 отсто во последните три месеци од 2023 година. БДП на еврозоната се очекува да порасне за 0,6 отсто оваа година, проследено со 0,9 отсто во 2024 година, односно 1,5 отсто во 2025 година.

Инфлацијата се намалува, но останува загрижувачка

Вкупната инфлација опадна речиси насекаде во текот на изминатата година, главно под влијание на умереното ниво на цените на енергијата во првата половина на 2023 година.

Сепак, намалувањата на клучните економии на ОПЕК+ и прекините во снабдувањето на пазарот на нафта резултираа со повисоки цени на нафтата од јуни. Тоа, во комбинација со неизвесноста околу зголемените геополитички тензии, моментално ги заматува изгледите за инфлација.

Според ОЕЦД, инфлацијата во еврозоната следната година ќе забави на 2,9 отсто, а во 2025 година ќе застане на 2,3 отсто.

Невработеноста останува ниска

Во сите земји на ОЕЦД, стапките на невработеност остануваат ниски со очекуваните 5,1 отсто за 2024 и 2025 година.

Таа стапка може да се зголеми во САД, Велика Британија, Канада и Австралија, но невработеноста во Јапонија и во еврозоната се очекува да остане ниска и блиску до сегашното ниво од 6,5 проценти.

Последици од војната на Блискиот Исток

Проширениот конфликт на Блискиот Исток може да ги засени сегашните глобални економски очекувања, особено за европските економии. Имено, поширок конфликт на Блискиот Исток може да создаде значителни нарушувања на енергетските пазари и на главните трговски патишта, а сето тоа на крајот може да резултира со зголемена инфлација.

Понатаму, ако централните банки ги задржат каматните стапки повисоки од очекуваните, тоа би значело дека построгите кредитни стандарди го забавуваат понатамошното трошење и резултираат со поголема невработеност и банкротства.

Цените на храната

Рабобанк, специјализирана банка за храна и земјоделство, во своите годишни прогнози за 2024 година рече дека вкупната инфлација на цените на храната ќе биде потисната со падот на цените на клучните производи како шеќер, кафе, пченка и соја, бидејќи одгледувачите го зголемуваат производството како одговор на високите цени. Побарувачката, пак, ќе опадне бидејќи потрошувачите се борат со ефектите од високите каматни стапки и инфлацијата, пишува Фајненшл тајмс.

Сепак, како што пишува БНН Блумберг, се предвидува дека некои категории ќе доживеат побрз раст на цените од другите, па најмногу би можеле да пораснат цените на пекарските производи, месото и зеленчукот. Цените на овие производи би можеле да пораснат меѓу пет и седум отсто.

Цените во рестораните и морските плодови ќе поскапат меѓу три и пет отсто, додека млечните производи и овошјето меѓу еден и три отсто.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

КОЈ ВОЗИ БЕЗ ДОЗВОЛА, КОЈ ПИЕ КОГА ВОЗИ, КОЈ КРШИ

15/02/2026
Македонија

ОХРИДСКА „СВ. СОФИЈА“ ПРЕМИНА ВО НАДЛЕЖНОСТ НА ПОГЛАВАРОТ СТЕФАН Тој

15/02/2026
Македонија

НЕГРИЖАТА ОД МИНАТОТО ИЗБИ ДЕНЕС Сајкоски порача дека Кичево нема

15/02/2026
Македонија

🎥 НАЈТЕШКА Е СОСТОЈБАТА ВО КИЧЕВО Евакуирани се стари и

15/02/2026
Македонија

ПИЈАН МАЖ СО НОЖ ЈА НАПАДНАЛ 17-ГОДИШНАТА ДЕВОЈКА Во струшката

15/02/2026
Македонија

ЗАМИНА ЛЕГЕНДАТА НА ДРАМСКИ: Почина актерката Ленче Делова на 77-годишна

15/02/2026
Македонија

🎥 ЧЛЕНСТВОТО ВО ЕУ ЗА НАС НЕ Е МИЛОСТ, ТУКУ

15/02/2026
Македонија

ВО 2020 ГОДИНА ВЛАДАТА НА СДСМ Ѝ ДАЛА ОДОБРЕНИЕ НА

15/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41502
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

КОЈ ВОЗИ БЕЗ ДОЗВОЛА, КОЈ ПИЕ КОГА ВОЗИ, КОЈ КРШИ ЗАБРАНА…  Полицијата привела уште 10

15/02/2026

Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишиле од слобода 10 возачи затоа што управувале

ОХРИДСКА „СВ. СОФИЈА“ ПРЕМИНА ВО НАДЛЕЖНОСТ НА ПОГЛАВАРОТ СТЕФАН Тој ќе добие и резиденција во

15/02/2026

Катедралниот храм „Света Софија“ во Охрид премина во надлежност на поглаварот – архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан и тој

НЕГРИЖАТА ОД МИНАТОТО ИЗБИ ДЕНЕС Сајкоски порача дека Кичево нема да биде оставено само

15/02/2026

Поради долгогодишната негрижа, неработа и отсуство на навремени превентивни мерки од страна на претходното раководство, Кичево денес се соочи со

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy