
ШОКАНТНИ ЦЕНИ НА КОПАОНИК! Сезоната е пред почеток, голема промена од оваа година
Од оваа година и децата до пет години ќе треба да ја платат целата цена на ски картата.
За разлика од сите претходни години на Копаоник, децата до пет години за прв пат ќе треба да ја платат целата цена на ски картата. Исто така, се укинуваат семејните и депо ски билетите, а цените се зголемени за 25 проценти.
Децата до пет години од оваа сезона ќе бидат исто како и децата до 12 години и ќе ја плаќаат целата цена на детската ски карта. Поточно, за седумдневна карта за скијање, родителите ќе треба да издвојат 15.000 динари.
Бесплатен останува полигонот за почетници, односно скијачката градинка каде ќе се плаќа симболична скијачка картичка во износ од 200 динари. Што се однесува до возрасните, цената на шестдневната ски карта се движи од 20.750 до 22.500 динари, додека цената на еднодневната ски карта е меѓу 4.620 и 5.370 динари.
Скијачката сезона започнува на 7 декември, а тој ден скијањето ќе биде бесплатно. Продажбата на билетите за претстојната сезона ќе започне во среда, 1 ноември.
Ne znam što bi se nervirali, ko je mogao da priušti Kopaonik može da ode bilo gde… cca 640 eur za porodicu samo za ski pass je bas mnogo…https://t.co/HGmPc2rPjs
— stroft_bgd (@knezvlad) October 26, 2023
Фото: Принтскрин/Твитер

