
Шкупи ѝ ја предаде круната на Струга ТЛ – стружани го добија пехарот за нови владетли (ВИДЕО)
Од прво до последно коло Струга беше првопласирана и после сѐ прикажано на теренот сезонава, заслужено дојде до шампионскиот трофеј, кој денеска им беше врачен за нови фудбалски владетели во Македонија и стружани летово ќе ја претставуваат Македонија во квалификациите за Лигата на шампионите.
Струга ТЛ го наследува Шкупи на тронот и ја презема круната од чаирчани.
