Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Шилегов: Со законското решение на пратениците на СДСМ се продолжи важењето на возачките
Македонија

Шилегов: Со законското решение на пратениците на СДСМ се продолжи важењето на возачките

12/02/2024

AA

Членот на Извршниот одбор на СДСМ Петре Шилегов во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија, нагласи дека е добро што денеска пратеничката група на СДСМ во скратена постапка донесе измени во законот за безбедност во сообраќајот, така што проблемот со издавањето на возачки и сообраќајни дозволи се одложува до крајот на годината.

Мене ми е малку е криво и тоа придонесува за создавање дополнителни нереди, паники, нервози и загриженост кај граѓаните, а тоа се лаконските ветувања на новата структура на МВР дека проблемот брзо ќе се реши, дека е решлив, со давање контроверзни изјави. Во петокот министерот дава изјава дека нема да бидат казнувани граѓаните, вчера дава изјава дека ќе бидат казнувани, посочи Шилегов.

Тој рече дека процесот има пропусти, но суштината од каде што се генерираат проблемите, е што собранието беше во сериозна блокада од страна на ДПМНЕ и не ги донесе законите, што се однесуваат на личните документи.

Изгубивме 2,5 години во собраниска блокада, за останатите 2,5 години беа издадени 1 милион и 250.000 пасоши, ако имаше 5 години ќе се издадеа 2,5 милиони пасоши, истакна Шилегов.

Во врска со уставните измени и продолжувањето на европскиот пат, Шилегов нагласи дека не го разбира ставот на ДПМНЕ, зошто им смета подеделбата на македонскиот и бугарскиот народ, како различни народи, сакаат да влеземе во ЕУ, а како?

Преговарачка рамка не е бугарска, туку консензуално утврдена од 27 држави. За да се смени, 27 влади треба да убедиме да ја сменат преговарачка влада, што бараат како добра волја од Бугарија, да им прати димен сигнал? Ако Бугарија регистрира здружение на Македонците во Бугарија, дали ДПМНЕ ќе гласа за уставните амандамни, запраша Шилегов, додавајќи дека евтини политички поени, бранење на некакви национални позиции, кога убаво звучи, кога човек се лупа во гради во политиката со паролите кои се многу едноставни за изговарање и тоа им е потребно за кампањата што следи.

Шилегов нагласи дека политичките партии се должни да ги дефинираат националните интреси на Македонија.

Тоа подразбра заедничко чекорење во одредени процеси, секое раздвојување во тие заеднички чекорења, кон заедничка цел создава конфузија кај граѓаните, истакна Шилегов, додаваќјќи дека процесот на преговори прави значителни промени во државата, економијата и општеството.

Главните постулати на политиките на СДСМ се поставени, добро познати на јавноста. Прашањето е што би добила Македонија, ако скршне од овој пат. Дали би добила квалитет или реторградност во процесите, со опозицијата ќе се врати неколку чекори назад, со стопирањето на евроатлантските интеграции, не мислам дека ќе имаме добри општествени случувања, истакна членот на Извршниот одбор на СДСМ Петре Шилегов во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЗАГИНА 19-ГОДИШЕН ТЕТОВЕЦ ВО ИТАЛИЈА Паднал од покрив додека работел

07/10/2026
Македонија

ИМА ДОКАЗИ ДЕКА ВИШ ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ ЗЕЛ МИТО ЗА НАЈМАЛКУ

07/10/2026
Македонија

ВЕНКО ФИЛИПЧЕ ДА КАЖЕ ОД КОГА ЗНАЕЛ ЗА СКАНДАЛОТ ТЕЖОК

07/10/2026
Македонија

УШТЕ ДВА СОНЧЕВИ ДЕНА, ПА ПРЕСВРТ Од петок дожд, за

06/10/2026
Македонија

ВИШИОТ ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ Е ПОД СОМНЕНИЕ ДЕКА ПРИМИЛ МИТО Полицијата

06/10/2026
Македонија

УАПСЕН БИТОЛСКИ ВИШ ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ Дали е поврзан со враќањето

06/10/2026
Македонија

ПО 11 ГОДИНИ ОХРИД ЌЕ ДОБИЕ ЗАТВОРЕН БАЗЕН Владата обезбеди

06/10/2026
Македонија

ПРЕВЕЗУВАЛ ДРВА БЕЗ ЖИГ, СЕ ОБИДЕЛ ДА ПОБЕГНЕ Арачиновец приведен

06/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46020
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЗАГИНА 19-ГОДИШЕН ТЕТОВЕЦ ВО ИТАЛИЈА Паднал од покрив додека работел

07/10/2026

Во трагична несреќа на работното место во Италија загина 19-годишно момче од Тетово. Според информациите објавени од медиумите на албански

ИМА ДОКАЗИ ДЕКА ВИШ ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ ЗЕЛ МИТО ЗА НАЈМАЛКУ 4 ПРЕДМЕТИ Се предлага да

07/10/2026

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поведе постапка против виш јавен обвинител во ВЈО Битола, поради

ВЕНКО ФИЛИПЧЕ ДА КАЖЕ ОД КОГА ЗНАЕЛ ЗА СКАНДАЛОТ ТЕЖОК 37 МИЛИОНИ ЕВРА Го обелодени

07/10/2026

Откако се продлабочи политичкиот конфликт меѓу Венко Филипче и Славјанка Петровска, Филипче излезе со сериозни обвинувања за наводен скандал вреден

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy