Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ШЕНГЕН ЈА БЛОКИРАШЕ БУГАРИЈА: Хаос на граничниот премин Градина, од Србија се чека 20 часа, транспортерите се нервозни, властите ги засилуваат контролите
Регион

ШЕНГЕН ЈА БЛОКИРАШЕ БУГАРИЈА: Хаос на граничниот премин Градина, од Србија се чека 20 часа, транспортерите се нервозни, властите ги засилуваат контролите

12/01/2024

AA

Последните неколку дена на автопатот на источниот крак од Коридорот 10 има километарски колони камиони. Поради зголемената контрола на бугарската царина, на граничниот премин Градина луѓето чекаат и до 20 часа за излез од Србија, или за влез во соседна Бугарија.

Редот на камиони на преминот Градина утринава е долг 10 километри, а излезот од Србија се чека речиси 24 часа, пишува српски Курир.

Најголем дел од камионите се со бугарски и турски регистарски таблички. Возачите се нервозни и незадоволни поради долгото чекање, особено во деновите кога утринските температури се екстремно ниски.

– Нормално, на овој премин има гужви, но ова е надвор од секоја граница. Беше минус 11 степени, но имаме вебасто систем, па се загреваме, но не е лесно. Сегашната ситуација е навистина лоша, но има решение. Неопходно е државата да биде малку поактивна околу тоа – вели еден возач.

Возачите известуваат дека големи редици има и на другите премини, поточно кај Батровци, а потоа и во Турција.

– Во последно време стана нормално. Стана нормално дека испаѓаме на границите. Што да смениме, само блокадите. Мислам дека Бугарите сега прават проблем, но не знам што е во прашање – додава возачот кој од Загреб замина за Бурса.

Неофицијално се дознава дека царината на Србија работи вообичаено и дека побавната контрола на бугарската царина е главната причина за големиот метеж.

Во меѓувреме, бугарската царина соопшти дека поради подготовката за влез на Бугарија во Шенген зоната, зголемени се проверките на сите премини. Контролите ќе останат во сила додека Бугарија целосно не пристапи кон Шенген, се вели во соопштението.

Сообраќајната полиција ги запира камионите на наплатната рампа Димитровград, за да нема гужви во тунелите и да не биде загрозена безбедноста на патниците во автомобилите и автобусите.

Курир.рс

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Шест лица приведени, едно повикано на службен разговор, извршени претреси

01/08/2026
Македонија

Сервисираниот ер трактор повторно во функција по оштетувањата од невремето

01/08/2026
Македонија

Почина Исмаил Бојда, почесен претседател на Сојузот на Македонците со

01/08/2026
Македонија

Жена не може да оди по породување со царски рез

01/08/2026
Македонија

Пеколно утро во Македонија – УХМР соопшти каде е најтопло

01/08/2026
Македонија

Лишени од слобода тројца криумчари, одземени две возила и стока

01/08/2026
Македонија

Гужви на границите, за излез на граничниот премин Богородица се

01/08/2026
Македонија

Владата прогласи 30-дневна кризна состојба поради опасност од пожари

31/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44795
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Шест лица приведени, едно повикано на службен разговор, извршени претреси за пукањето на семејна веселба

01/08/2026

Шест лица приведени, едно повикано на службен разговор, извршени претреси за пукањето на семејна веселба во гостиварско, пронајдени оружје и

Сервисираниот ер трактор повторно во функција по оштетувањата од невремето

01/08/2026

Сервисот на третиот ер трактор, кој беше оштетен за време на неодамнешното невреме во Скопје, денес е успешно завршен и

Почина Исмаил Бојда, почесен претседател на Сојузот на Македонците со исламска религија

01/08/2026

На 72-годишна возраст, во Скопје, почина Исмаил Бојда, почесен претседател на Сојузот на Македонците со исламска религија (СМИР). Веста ја

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy