Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Шехтански до Обвинителството: Ако постоел допрен глас за незаконитости, вие требало први да дејствувате, трагедијата можеше да се спречи!
Македонија

Шехтански до Обвинителството: Ако постоел допрен глас за незаконитости, вие требало први да дејствувате, трагедијата можеше да се спречи!

11/12/2025

AA

На денешното рочиште за случајот со пожарот во Кочани, адвокатот Ванчо Шехтански, бранител на поранешниот пазарен инспектор Миле Ампов, остро ја критикуваше работата на Обвинителството и, како што рече, ширењето неточни информации за институционалната одговорност и статусот на објектот.

Шехтански посочи дека Обвинителството не реагирало навреме на првичните сознанија за можни неправилности во објектот: „Ако постоел допрен глас за незаконитости, вие требало први да дејствувате. Да имавте реагирано, трагедијата на 16 март немаше да се случи.“ Тој додаде дека ваквите пропусти создаваат стигма врз обвинетите и нивните семејства.

Во однос на правниот статус на објектите, одбраната нагласи дека „Класик“ и неговата подружница „Кабаре Пулс“ не се исто правно лице со „Клуб Пулс“, каде што избувна пожарот. Ампов, како што беше истакнато, до 2022 година утврдувал дека „Класик“ и „Кабаре Пулс“ не ги исполнувале условите за работа, но дека објектот каде што се случила трагедијата не е меѓу тие субјекти.

Шехтански потсети дека неговиот клиент во 2024 година бил веќе пензиониран и не можел да врши инспекциски надзор. „Нема систем, има конкретни имиња. Обвинителниот акт не е јавно достапен, а се пласираат погрешни информации. ‘Класик’ постои до февруари 2024 година, а објектот каде што се случи трагедијата е ‘Клуб Пулс’, без лиценца,“ рече тој.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Венецуелка пријавила физички напад во апартман во Центар, ѝ биле

28/08/2026
Македонија

Муцунски се прости од кралот Харалд V: „Длабоко сум погоден

28/08/2026
Македонија

Трагедија во Охридско: Работник паднал од бандера и починал

28/08/2026
Македонија

Возел со речиси двојно поголема брзина од дозволената: Возач од

28/08/2026
Македонија

ДУИ бара повторување на конкурсот за прием во полициско училиште:

28/08/2026
Македонија

СДСМ бара истрага за влезот на како што вели „српската

28/08/2026
Македонија

Стигнаа првите „честитки“ за моторџиите од Сејфт Сити

28/08/2026
Македонија

Рудник САСА го одбележува Денот на рударите со награди за

28/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45308
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Венецуелка пријавила физички напад во апартман во Центар, ѝ биле одземени два телефона

28/08/2026

Жена од Венецуела пријавила дека била физички нападната во апартман во скопската општина Центар, при што ѝ биле одземени два

Муцунски се прости од кралот Харалд V: „Длабоко сум погоден од неговата смрт“

28/08/2026

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски изрази длабоко сочувство по повод смртта на кралот на Норвешка, Харалд V. Муцунски преку

Трагедија во Охридско: Работник паднал од бандера и починал

28/08/2026

На 27.08.2026 во 14:40 часот, во СВР Охрид е пријавено дека Н.К.(48) од охридското село Лескоец, вработен во телекомуникациска компанија,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy