Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ротари клуб Скопје Интернационал: Уметноста безбеден простор за менталното здравје кај младите
Македонија

Ротари клуб Скопје Интернационал: Уметноста безбеден простор за менталното здравје кај младите

11/12/2025

AA

Менталното здравје и потребата младите да добијат безбеден простор за изразување беа во центарот на изложбата „Иницирај промена. Креирај гласно!“, што се одржа во галеријата „Драгутин Аврамовски Гуте“ во Сули Ан. Настанот беше организиран од Здружението „Биди човек“, во партнерство со Ротари клуб Скопје Интернационал, кој веќе неколку години континуирано работи на проекти за ментално здравје кај младите, како и со Факултетот за ликовни уметности – Скопје.

На изложбата беа претставени делата на 14 млади автори, создадени под менторство на психологот Тина Чачоровска и уметникот Доротеј Нешовски. Преку интимни, искрени визуелни прикази, младите уметници проговорија за своите емоции, предизвици и лични искуства, испраќајќи порака за храброст, автентичност и потребата општеството навистина да ги слушне.

Изложбата ја нагласи важноста на емоционалната благосостојба како основно човеково право, особено во чувствителниот период на тинејџерските години, кога многу родители се соочуваат со тешкотии во разбирањето на своите деца. Иницијативата има за цел да ја зајакне свеста дека младите имаат потреба од стабилна семејна и општествена поддршка, отворен дијалог и средини во кои нивните емоции се почитуваат и валидираат.

Ротари клуб Скопје Интернационал беше клучен партнер во реализацијата на настанот, како дел од својата долгорочна мисија за промоција на менталното здравје кај младите.

„Младите се иднината на нашето општество, а нивната емоционална и креативна развиеност е темел за здраво и одржливо заедништво. За нас во Ротари, ова е инвестиција во нивниот потенцијал и благосостојба“, истакнаа од Клубот. „Потребно е секој млад човек да биде слушнат, охрабрен и поддржан, само така градиме општество кое цени емпатија, разбирање и човечност“, децидни се од Клубот.

Присутните ја почувствуваа автентичната перспектива на младите уметници, разговараа со авторите и менторите и дадоа поддршка на оваа значајна иницијатива која, токму на Меѓународниот ден на човековите права, потсети дека менталната благосостојба е основно човеково право.

Проектот претставува продолжение на долгогодишниот ангажман на Ротари клуб Скопје Интернационалпосветен на менталното здравје кај младите, започнат во 2022 година во услови на постпандемиски предизвици. Тогаш Клубот ја иницираше серијата јавни разговори „Криза на менталното здравје – знаеме ли што ни се случува? Пандемија во пандемија“, со цел да се поттикне свесност, јавен дијалог и создавање безбеден простор во кој младите можат да ги препознаат, разберат и отворено да ги изразат своите емоции.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДУИ бара повторување на конкурсот за прием во полициско училиште:

28/08/2026
Македонија

СДСМ бара истрага за влезот на како што вели „српската

28/08/2026
Македонија

Стигнаа првите „честитки“ за моторџиите од Сејфт Сити

28/08/2026
Македонија

Рудник САСА го одбележува Денот на рударите со награди за

28/08/2026
Македонија

Стевче Јакимовски три недели бил хоспитализиран, потоа вратен во затворот

28/08/2026
Македонија

За влез во Грција утрово се чека повеќе од еден

28/08/2026
Македонија

Влошена здравствената состојба на Стевчо Јакимовски, итно пренесен во болница

27/08/2026
Македонија

Пожар кај селото Копаница: Пожарникарите и ловците се борат со

27/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45304
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДУИ бара повторување на конкурсот за прием во полициско училиште: од 310 примени кандидати, само

28/08/2026

Опозициската Демократска унија за интеграција соопшти дека ќе побара повторување на конкурсот за прием во средното полициско училиште, откако од

СДСМ бара истрага за влезот на како што вели „српската медиумска машинерија“ Македонија

28/08/2026

Опозициската партија СДСМ побара од надлежните институции да спроведат истрага и да постапат по, како што посочуваат од партијата, законските

Стигнаа првите „честитки“ за моторџиите од Сејфт Сити

28/08/2026

Системот „Безбеден град“ почна автоматски да ги детектира и мотоциклите кои се движат со брзина поголема од дозволената. Пронајдено e

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy