Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ШЕЈН ПРАКТИКУВА ЛАЖНИ ПОПУСТИ: Што друго открива истрагата на Европската комисија за кинескиот е-трговец
Економија

ШЕЈН ПРАКТИКУВА ЛАЖНИ ПОПУСТИ: Што друго открива истрагата на Европската комисија за кинескиот е-трговец

27/05/2025

AA

Европската комисија денеска соопшти дека го известила сајтот
за е-трговија на мало Шејн дека е утврдено оти голем број негови практики се во
спротивност на Законот за потрошувачи на ЕУ.

Кршењето
на законската регулатива на ЕУ е утврдена во заедничка истрага на Европската
комисија, Мрежата за соработка за заштита на потрошувачите и надлежните
истражни органи на Белгија, Ирска, Франција и Холандија.

Истрагата утврдила дека Шејн практикува т.н. „лажни
попусти“, односно пласира неточни информации за намалување на цените на
одредени производи, дека најавува лажни рокови за траење на акции со што врши
притисок врз потрошувачите да се решат да купат некои артикли, ги мами
клиентите со неточни карактеристики на стоките што ги нуди на продажба и дава
неточни и манипулирачки информации околу можностите за враќање на нарачаните
производи и повратот на средства.

Паралелно со оваа, ЕК води истрага против Шејн и за
усогласеност со Законот за дигитални услуги (ДСА) во делот на заштита на
потрошувачите од ЕУ и нивните права.

Шејн сега има рок од еден месец да одговори на наодите од
истрагата и да предложи мерки за отстранување на утврдените неправилности
поврзани со потрошувачките права. Доколку чекорите преземени од страна на
сајтот бидат оцените како незадоволителни, можно е да му бидат изречени мерки
од страна на ЕК или надлежните власи, кои можат да вклучат и парични казни во
висина од одреден процент од вкупниот годишен обрт на Шејн во засегнатите земји
членки на ЕУ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Ангелов: Премногу исечена вегетација го отежнуваше гаснењето кај Селци и

10/09/2026
Македонија

Клековски: Стивнува епидемијата на западнонилска треска, шест пациенти на Инфективна

10/09/2026
Македонија

Над 500 семејства добија ваучери за инвертер клими

10/09/2026
Македонија

Митева: Парите за 35 години независност не се директно од

10/09/2026
Македонија

Гостиварец физички нападнал 12-годишно дете, поднесена кривична пријава

10/09/2026
Македонија

Мицкоски одговори на опозициските критики: Животниот стандард е подобар, следуваат

10/09/2026
Македонија

Тошковски и Клековски бараат поефикасна борба против дрогата и подобар

10/09/2026
Македонија

УХМР најавува дожд, грмежи и заладување: Викендов температурите ќе паднат

10/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45607
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Ангелов: Премногу исечена вегетација го отежнуваше гаснењето кај Селци и Локов

10/09/2026

Гаснењето на пожарот во реонот на Селци и Локов било особено отежнато поради големото количество сува и исечена вегетација на

Клековски: Стивнува епидемијата на западнонилска треска, шест пациенти на Инфективна

10/09/2026

Состојбата со западнонилската треска во земјава покажува знаци на смирување, оценува министерот за здравство Сашо Клековски. Според него, во последните

Над 500 семејства добија ваучери за инвертер клими

10/09/2026

Над 500 домаќинства ќе добијат финансиска поддршка за набавка и вградување инвертер клима уреди. Министерството за енергетика, рударство и минерални

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy