Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „ШАЈКА НЕ ЗНАЕТЕ ДА ЗАКОВАТЕ“: Левица во напад на СДСМ
Економија

„ШАЈКА НЕ ЗНАЕТЕ ДА ЗАКОВАТЕ“: Левица во напад на СДСМ

23/05/2023

AA

Пратеникот на Левица, Борислав Крмов, на седницата на Собранието, а по повод предлог-законот за градење со европско знаменце за „Бехтел и Енка“, упати критики до власта. 

– Министерот Бочварски во неговото оправдување на овие деструктивни закони вели дека ќе се забрзаат процедурите. Како во минатото кога сме имале повисоки стандарди не ни било потребно забрзување на процедурите? Доколку се институциите проблем тогаш тие треба да се реформираат. Државните институции вие ги имате деградирано кадровски и технички, и наместо да ги вратиме во добра состојба ние ги спуштаме или укинуваме стандардите како во овој случај.

Член 2 став 2 се однесува за исклучоците и ги исклучува градбите од стратешки интерес за кои нема да се применуваат одредбите од законот – сите стандарди се заобиколуваат.

Во член 5 став 1 се спушта стандардот од основен проект на идеен проект за градење на основа на одобрение на идеен проект. Не е исто како и за ТИРЗ бидејќи ние тука зборуваме за 30, 40 мостови, тунели, надвозници и тн. Во идејниот проект не се содржани сите параметри и информации за проектот

Во членот 6 став 1 надзорот на работите се однесува на надзор на идејниот проект додека кај ТИРЗ тоа се однесува на надзор на основен проект.

Член 10 став 4 се однесува на дислокација врз нотарски заверена изјава од надзорен инженер за дислокација и тоа се прави само со еден потпис. Мора да постои стручна комисија која ќе ги процени овие состојби, но, ние и тука го спуштаме стандардот сега на потпис на еден човек.Член 10 став 6 е за уписот на дислоцираните објекти согласно Законот за експропријација. Ние ќе вршиме експропријација и ќе градиме додека уписот во јавната книга за запишување на правата на недвижности ќе чека. Правите потполно извртување на процедурата.
На овој начин го унапредуваме и го окончуваме урбанистичкиот хаос. На чело на сите овие измени стои СДС – токму оние кои во деведесеттите го уништија стопанството, и она кое не го уништија го оставија да пропаѓа.
Тоа СДС која ја почна градежната експанзија во сите градови, сега со овие закони го укинува урбанизмот потполно.

Шајка не знаете да заковате, но знаете сѐ да уништите! – истакна тој.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Оштетени возила: Падна дрво во близина на средното економско училиште во

17/02/2026
Македонија

СУДОТ ГО ОДБИ БАРАЊЕТО ДА ИМ СЕ УКИНЕ ПРИТВОРОТ НА

17/02/2026
Македонија

Силни ветрови во текот на ноќта и утре, најкритично во

17/02/2026
Македонија

Врснично насилство во Виница: 15 годишно дете истепано во училиште

17/02/2026
Македонија

КРАЈ НА НЕИЗВЕСНОСТА: 18.000 вработени во основното образование добија јануарска

17/02/2026
Македонија

18 илјади вработени во основните училишта без јануарска плата, законските

17/02/2026
Македонија

КОСТАДИНОВСКИ БИЛ СОВЕТНИК НА ТРОЈЦА ПРЕТСЕДАТЕЛИ Не гледа ништо спорно

17/02/2026
Македонија

„Трпението е при крај“: До крај на февруари минимална плата

17/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41576
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Оштетени возила: Падна дрво во близина на средното економско училиште во Кисела Вода

17/02/2026

Околу 15:30 часот преку број за итни повици 112 добиена е пријава во врска со паднато дрво во близина на

СУДОТ ГО ОДБИ БАРАЊЕТО ДА ИМ СЕ УКИНЕ ПРИТВОРОТ НА Д-Р ВАСЕВ И НА НУХИ

17/02/2026

Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје денеска го одби предлогот на одбраната да се укине притворот на обвинетите д-р

Силни ветрови во текот на ноќта и утре, најкритично во источна Македонија и Пелагонија

17/02/2026

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) попладнево издаде итно предупредување за претстојната ноќ и утрешниот ден (18 февруари), поради најава за

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy