Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Севилја во седмо финале во Лига Европа – Ламела во продолженија го урна Јувентус (ВИДЕО)
Спорт

Севилја во седмо финале во Лига Европа – Ламела во продолженија го урна Јувентус (ВИДЕО)

18/05/2023

AA

Шпанска Севилја обезбеди седмо финале во Лига Европа, поранешниот Куп на УЕФА и ќе се бори за седми трофеј во ова натпреварување во кое е апсолутен рекордер, откако по продолженија вечерва со 2-1 го победи Јувентус на „Санчес Писхуан“ за вкупни 3-2 во полуфиналниот двомеч и против Рома во Будимпешта, Андалузијците ќе бркаат нов европски пехар.

Аргентинецот Ерик Ламела, кој во игра влезе во 70-та минута од мечот, погоди пет минути од почетокот на продолженијата за да донесе прва предност на мечот, зашто Душан Влаховиќ ги замолкна шпанските навивачи со гол во 65-та минута, па Сусо шест минути потоа со бомба израмни во бурниот меч со многу извонредни шанси и на двете страни во првиот дел, еден поништен гол со ВАР за „старата дама“, еден недосуден чист пенал и при проверка на ВАР за Севилја.

Имаше Јувентус девет минути со фудбалер повеќе да се избори барем за пенали, но неверојатната глупост на Акуња кој доби втор жолт картон за одолговлекување, не го искористија за да направат сериозна шанса во петте минути до 120-та и уште четирите од надополнувањето.

Севилја трофеите во Купот на УЕФА, сегашната Лига Европа ги освојуваше 2006, 2007, 2014, 2015, 2016 и 2020 година. Севилја и Рома на 31 мај ќе го играат финалето во Будимпешта, а ова ќе биде шесто во кариерата за Жозе Мурињо, кој исто така нема загубено финале.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Андоновски: Националниот дата-центар ќе биде со капацитет под 1 MW,

07/08/2026
Македонија

Изгоре противпожарно возило во Струга, повредени двајца пожарникари

07/08/2026
Македонија

Портокалова фаза низ целата држава: Утре не чека пекол со

07/08/2026
Македонија

Македонското знаме се вее на 5.054 метри надморска височина: Дарко

07/08/2026
Македонија

Седум нови случаи на Западен Нил во Скопје: Хоспитализирани 16

07/08/2026
Македонија

Инфлацијата во јули изнесува 0,1 процент, на годишно ниво трошоците

07/08/2026
Македонија

Седум нови случаи на западнонилска треска, тројца пациенти во критична

07/08/2026
Македонија

Жена спасена од Вардар благодарение на брзата реакција на двајца

07/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44909
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Андоновски: Националниот дата-центар ќе биде со капацитет под 1 MW, граѓаните ги добиваат првите е-услуги

07/08/2026

Идниот национален дата-центар нема да биде гигантски комерцијален објект, туку компактен и ефикасен систем со инсталирана моќност под еден мегават,

Изгоре противпожарно возило во Струга, повредени двајца пожарникари

07/08/2026

При гаснење на пожар во струшкото село Долна Белица, огнот зафатил и сериозно оштетил противпожарно возило на Територијалната противпожарна единица

Портокалова фаза низ целата држава: Утре не чека пекол со температури до 40°C

07/08/2026

Територијата на целата држава утре (8 август 2026 година) ќе биде зафатена од висок температурен бран. Времето ќе биде сончево

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy