
Северна Митровица ќе биде дел од Заедницата на косовските општини
Косовското министерство го одобри членството на Северна Митровица во Заедницата на косовските општини, пренесува Коха.
Документацијата денеска е доставена до Здружението, а се очекува барањето да биде разгледано во следните денови. Општинските советници од Северна Митровица рекоа дека оваа одлука не е насочена против никого. Шефот на кабинетот на градоначалникот на Северна Митровица, Висар Сиљај рече дека што се однесува до нив ги презеле сите чекори. Извршниот директор на Заедницата на косовските општини Сазан Ибрахими изјави дека ќе ги преземе потребните активности за разгледување на барањето.
Собранието на општина Северна Митровица на 30 јуни донесе одлука да покрене постапка за членство во Унијата на општини на Косово. Во Северна Митровица, Србите се мнозинство. Но, српскиот народ на Косово ги бојкотираше локалните избори, поради што победија градоначалници Албанци.
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и српскиот претседател Александар Вучиќ денес се сретнаа во Брисел за да разговараат за состојбата на Косово. Пред средбата тие дадоа изјави за медиумите.
„Многу е важно да се намалат тензиите и ги повикувам двете страни да се воздржат од насилство. Дијалогот треба да се рестартира. Србија е долгорочен партнер на НАТО и со нетрпение ја очекувам нашата средба“, рече Столтенберг.
Српскиот претседател му се заблагодари на Столтенберг што сакал да ја слушне српската страна. Тој побара од Столтенберг НАТО да ја обезбеди безбедност за сите Срби на Косово. Србите бараат формирање на Заедница на српски општини(СЗО), но Косово повеќе од една деценија одбива да ја формира.
Фото Zoonar GmbH / Alamy / Alamy / Profimedia
