
Сержи Роберто ја спаси Барса од нова бламажа (ВИДЕО)
Противникот не само што е на дното од табелата, туку сезонава уште нема победа во оваа конкуренција и само чудо може да ја спаси од испаѓање во понизок ранг. Сепак, Барселона се намачи да ја победи, а голот за триумф го постигна во 83. минута.
Херој на „каталонците“ беше Сержи Роберто кој два пати се запиша во листата на стрелците, вклучувајќи го погодокот за победа. Резултатот го отвори Рафиња во 33. минута, Лео Баптистао израмни пред крајот на полувремето, а потоа следуваа првиот гол на Роберто и второто израмнување преку Гонзалез.
Со овој натпревар, заврши годината за Барселона која следниот натпревар ќе го одигра на 4 јануари на гости кај Лас Палмас.
