Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Селаковиќ на одбележување на Кумановската битка: Никој меѓусебно не се разбира како Србите и Македонците
Македонија

Селаковиќ на одбележување на Кумановската битка: Никој меѓусебно не се разбира како Србите и Македонците

22/10/2023

AA

Српскиот министер за труд, вработување, ветерани и социјални прашања Никола Селаковиќ денеска крај Куманово, на одбележувањето на 111-годишнината од Кумановската битка од Балканските војни, истакна дека српскиот и македонскиот народ многупати во историјата споделувале добро и зло.

Селаковиќ се заблагодари на Владата на Северна Македонија, на градот Куманово, на општина Старо Нагоричане и на сите што овозможија да се одбележи овој голем настан од заедничкото минато.

-Слободно може да се каже дека исто како пред 111 години, така и денес, никој не ги разбира Македонците како што тоа ги разбираат Србите, ниту пак некој ги разбира Србите како што ги разбираат нашите браќа и сестри Македонци, рече Селаковиќ.

Како што рече, на 6 октомври 1912 година војската влегла во Скопје првпат по 520 години.

-Тогаш првпат биеја камбаните во црквите, а за тоа сведочи и камбаната во селото Довезенац, недалеку од тука во Куманово, што беше вест за слободата, истакна Селаковиќ.

Тој нагласи дека нашите предци дошле овде да ги ослободат своите браќа и сестри со крв и вера кои со векови страдале под отоманското ропство.

-Во таа добра волја, денеска дојдовме овде да им се заблагодариме на оние кои го чуваат вечниот спомен и овој вечен дом на нашите предци кои загинаа во Кумановската битка, да кажеме дека денес заедно се бориме за мир, дека заедно се бориме за просперитет на нашиот народ, нашите сопруги, деца, старите луѓе, сите оние кои живеат заедно со нас и го делат нашиот животен простор, рече Селаковиќ.

Тој додаде дека „во борбата за мир и просперитет, се бориме за секое ново работно место, дека се бориме преку Отворен Балкан со заеднички настап на трети пазари и во трети земји да ги зајакнеме нашите економии и заеднички да видиме иднина во европското семејство и заедница на народи на кои и припаѓавме пред 111 години, на кои припаѓаме и денес и на кои културно и цивилизациски ќе припаѓаме и во иднина“.

Претседателот на Народното собрание на Република Српска Ненад Стевандиќ и се заблагодари на Северна Македонија и на „браќата Македонци што имаме можност заедно со раководството на Србија и заедницата на Србите во Македонија и нивните здруженија да ги посетиме сите места на нашите успеси“.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Починат маж пронајден во куќа во Охрид – телото предадено

24/02/2026
Македонија

ОЈО: Мерката куќен притвор на Артан Груби е законска и

24/02/2026
Македонија

СДСМ: Дилот ВМРО–ДУИ му донесе куќен притвор на Груби

24/02/2026
Македонија

ПОЧНУВА СУДСКИОТ ПРОЦЕС ЗА ГРУБИ, А ЌЕ ПОЧНЕ И ЗА

24/02/2026
Македонија

Кривична пријава за повеќемина – незаконска сеча на дрва во

24/02/2026
Македонија

Бомбашки напад во Москва: Има загинати и ранети!

24/02/2026
Македонија

ВО СДСМ ЗНАЕЛЕ ЗА КРИМИНАЛОТ НА ГРУБИ, МОЛЧЕЛЕ И НЕ

24/02/2026
Македонија

ВЕЧЕРВА КРАТКОТРАЕН ДОЖД И СНЕГ ВО СЕВЕРНИТЕ ДЕЛОВИ Ќе дува

24/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41846
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Починат маж пронајден во куќа во Охрид – телото предадено на обдукција

24/02/2026

На 23.02.2026 во 13:51 часот во СВР Охрид е пријавено дека во помошна просторија од куќа на улица „Јане Сандански“

ОЈО: Мерката куќен притвор на Артан Груби е законска и оправдана

24/02/2026

Јавното обвинителство како единствен и самостоен орган, при одлучувањето и предлагањето на мерките за обезбедување во сите случаи се води

СДСМ: Дилот ВМРО–ДУИ му донесе куќен притвор на Груби

24/02/2026

Одлуката за куќен притвор за Артан Груби е уште една силна потврда за дилог ВМРО-ДУИ, велат од СДСМ во соопштение

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy