Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СЕКОЕ ТРЕТО ДЕТЕ ВО ЗЕМЈАВА ЖИВЕЕ ВО БЕДА: Кои се долгорочните последици од детската сиромаштија?
Економија

СЕКОЕ ТРЕТО ДЕТЕ ВО ЗЕМЈАВА ЖИВЕЕ ВО БЕДА: Кои се долгорочните последици од детската сиромаштија?

21/05/2025

AA

Според податоците
на УНИЦЕФ кои неодамна беа објавени, секое трето дете во Македонија живее во
сиромаштија и тоа си носи последици.

Во повеќе сегменти од општественото живеење, овие
деца се соочуваат со проблеми поради лошата финансиска состојба. Од
Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје за Фактор објаснуваат дека детската
сиромаштија има длабоки и долготрајни последици кои можат да го обликуваат
целиот живот на една личност. Таа влијае врз здравјето,
образованието и социјалниот развој и го одржува циклусот
на нееднаквост и исклученост. Растењето во услови на лишеност од
основни потреби – како што се соодветна исхрана, живеалиште
и образование,
го попречуваат
физичкиот и когнитивниот развој и ги ограничува социјалните и економските
можности на детето кога ќе стане  возрасен човек.

„Здрав
развој: имаат помала веројатност да добиваат соодветна исхрана – што го
ограничува нивниот физички и когнитивен развој, особено во раното детство – и
имаат помал пристап до здравствена заштита, што го зголемува ризикот од болести
во детството и хронични заболувања во зрелоста. Дополнително, тие често живеат
во средини со повисоко ниво на загадување на воздухот. Образование:
често започнуваат со училиште недоволно подготвени поради тоа што имаат ограничен
пристап до предучилишно образование и недостиг на можности за рано учење дома.
Поголема е веројатноста да имаат повисока стапка на изостанување, напуштање на
училиштето, пониски образовни резултати и помала веројатност за продолжување на
високо образование, што ги ограничува нивните идни можности за вработување. Социјален
и емоционален развој: почесто развиваат ниска самодоверба и проблеми со
менталното здравје поради немање стабилност во животот,
траума и недостиг на поддршка – и во детството и како возрасни. Сиромаштијата
често се преклопува и со други предизвици: децата од маргинализираните
или малцинските
заедници имаат поголеми шанси да живеат во сиромаштија и да се соочат со
дискриминација, што создава дополнителни пречки за излез од сиромаштијата“, објаснуваат од Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје.

Додаваат дека тоа
често води до пониски приходи, послабо здравје и пократок животен век, со
што се зголемува и веројатноста следната генерација исто така да живее во
сиромаштија. Социјалната
заштита, вклучително и паричната поддршка, играат
клучна улога во заштитата на децата и нивните семејства од сиромаштија и
нејзините штетни последици во сите аспекти на животот.

„Добро
дизајниран и соодветно финансиран систем за социјална заштита може да ги извади
децата од сиромаштија и да им овозможи пристап до услуги и можности. Сиромаштијата
не влијае само на поединечни деца — таа има долгорочни негативни последици врз
развојот на човечкиот капитал на целата држава. Државите
можат да заштедат средства на краток рок ако не инвестираат во децата, но на
долг рок плаќаат многу повеќе преку трошоци за здравство, невработеност и
зависност на семејствата од социјални услуги. Спречувањето на детската
сиромаштија е далеку поекономично отколку справувањето со нејзините последици
подоцна“, велат од Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје.

Оттаму објаснуваат дека во моментов државата развива план за
имплементација на Гаранцијата за децата, со цел да се насочат напорите кон
децата под
најголем ризик. Препораките опфаќаат повеќе
услуги, како што се зголемени парични надоместоци, подобрен пристап до
предучилишно образование, инклузивно образование, универзално здравствено
осигурување и бесплатни училишни оброци.

Низ целиот свет, децата имаат поголема веројатност да живеат во сиромаштија
отколку возрасните.

Глобално, живеењето
во „екстремна сиромаштија“ значи преживување со помалку од 2,15 долари на ден. Детската
сиромаштија е глобален проблем. Се јавува во земјите со ниски, средни и високи
приходи во различен степен и последици. Околу 333 милиони деца живеат во
екстремна сиромаштија. Околу
1 милијарда деца ширум светот доживуваат мултидимензионална сиромаштија, што
значи дека им недостигаат основни потреби
како храна, вода, засолниште, образование и здравствена заштита.

Сања Атанасовска

foto freepik.com

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПАД ОД КАРПА КАЈ МАРКОВИ КУЛИ Тешко повреден српски државјанин

11/04/2026
Македонија

СОНЦЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Температурите ќе достигнат до 20 степени

11/04/2026
Македонија

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран

11/04/2026
Македонија

ПРИТИСОК ВРЗ СОФИЈА ЗА НЕПРАВДАТА КОН МАКЕДОНЦИТЕ Во рок од

11/04/2026
Македонија

📷 📽️ НЕ ШМРКАВ КОКАИН И НЕ БЕВ КРИМИНАЛЕЦ ЗА

11/04/2026
Македонија

Македонија меѓу земјите со најголемо поскапување на јајцата пред Велигден

11/04/2026
Македонија

ПОВРЕДЕН ПИТ-БУЛ НАЈДЕН ВО БАГАЖНИК, УЧЕСТВУВАЛ ВО БОРБИ Приведени 19-годишник

11/04/2026
Македонија

📷 ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА ГИ ВАПЦАШЕ ЈАЈЦАТА Сиљановска-Давкова повика на надеж и

11/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42390
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПАД ОД КАРПА КАЈ МАРКОВИ КУЛИ Тешко повреден српски државјанин

11/04/2026

Државјанин на Србија се здобил со тешки повреди откако паднал од карпа за време на спортски активности на непристапен терен

СОНЦЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Температурите ќе достигнат до 20 степени

11/04/2026

Утре во Македонија времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран на семејно насилство во земјата

11/04/2026

Три лица се уапсени, а вкупно шест случаи на семејно насилство се пријавени во последните 24 часа во Штип, Куманово,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy