Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Седум години од потпишувањето на Договорот од Преспа
Македонија

Седум години од потпишувањето на Договорот од Преспа

17/06/2025

AA

На денешен ден, 17 јуни, пред точно седум години, во селото Нивици (Псарадес) на брегот на Преспанското Езеро, од грчката страна, беше потпишан Договорот од Преспа – историски чин што означи крај на деценискиот спор за името меѓу Скопје и Атина.

Со потпишувањето на договорот, Република Македонија се обврза на промена на уставното име во Република Северна Македонија, додека Грција за првпат официјално го призна македонскиот јазик и македонската националност. Овој компромис отвори нова страница за земјата – беше отворен патот кон членство во НАТО, а билатералната соработка со Грција значително се продлабочи.

Договорот беше резултат на дипломатски напори во време кога на власт во Грција беше СИРИЗА, а во Македонија – СДСМ. Потпишан е од тогашните министри за надворешни работи, Никола Димитров и Никос Коѕијас, во присуство на премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас. На церемонијата присуствуваа и посредникот во преговорите Метју Нимиц, поранешниот еврокомесар за проширување Јоханес Хан, поранешната висока претставничка на ЕУ Федерика Могерини, како и други високи претставници од меѓународната заедница и од двете земји.

Договорот од Преспа останува едно од најзначајните дипломатски достигнувања во поновата историја на државата, со ефекти што и денес имаат длабоко политичко, општествено и геополитичко влијание.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

1.108 СТЕБЛА ИСЕЧЕНИ, ШТЕТАТА Е 5.000 ЕВРА Осуммина осомничени за

11/02/2026
Македонија

ССМ продолжува со блокади: Утре на удар Стопанската комора и

11/02/2026
Македонија

По долга пауза, повторно активирана Неврохирургија во „8-ми септември“ –

11/02/2026
Македонија

СЛЕДНАТА НЕДЕЛА ЌЕ СЕ ОДЛУЧУВА ЗА ДРЖАВЕН ЈАВЕН ОБВИНИТЕЛ Советот

11/02/2026
Македонија

Пожар во куќа во Слупчане, пожарникарите се бореа со огнените

11/02/2026
Македонија

СТРАНСКИ ЕКСПЕРТИ ВЛЕГУВААТ ВО ПРОВЕРКА Почна втората анализа на спорните

11/02/2026
Македонија

„Онкологија“: Словенечки експерт тврди дека се давале дијагнози без потврди

11/02/2026
Македонија

Скопјанец украл бакарни кабли во вредност од 200.000 евра наменети

11/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41343
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

1.108 СТЕБЛА ИСЕЧЕНИ, ШТЕТАТА Е 5.000 ЕВРА Осуммина осомничени за синџир на дива дрвосеча во

11/02/2026

Тивка, но систематска сеча пустошела во виничко. Дури 1.108 стебла биле бесправно исечени, штетата достигнала 310.240 денари. Полицијата поднесе кривични

ССМ продолжува со блокади: Утре на удар Стопанската комора и бизнис секторот

11/02/2026

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) најави дека утре, 12.02.2026 година (четврток), започнува втората фаза од синдикалните активности за зголемување

По долга пауза, повторно активирана Неврохирургија во „8-ми септември“ – извршени две операции на пациенти

11/02/2026

По повеќегодишна пауза, Градската општа болница „8-ми Септември“ во Скопје повторно ја активираше својата неврохируршка служба. Обновувањето на работата беше

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy