Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Седми ден протест на вработените во култура: Немаат време за нас, а имаат време да си ги покаќат платите!
Македонија

Седми ден протест на вработените во култура: Немаат време за нас, а имаат време да си ги покаќат платите!

03/04/2023

AA

Вработените од Министерството за култура, Управата за културно наследство и Агенцијата за филм и на седмиот ден од протестот кој денеска се одржа пред Владата, ги повторија своите барања за зголемување на платите по примерот на Министерството за финансии, но и за средба со надлежните.

Според претседателот на Синдикалната организација на УПОЗ при Министерството за култура, Бранко Костовски, непристојно е што во овие денови, ниту еден претставник на институциите на системот не најде време да ги прими и да ги сослуша нивните барања.

-Веќе е трета недела од протестот, каде ние како вработени го изразуваме незадоволството поради нашите потпросечни месечни примања. Со својот несоодветен однос, Владата ја потврди поделбата во јавниот сектор на државни органи кои се важни за неа и министерства кои треба тивко да си ја работат работата и да чекаат подобри времиња и изнаоѓање на системско решение. Ова се разбира не се однесува на функционерите, тие немаат време за чекање, криза е, платите мора да се покачат, тие тоа го заслужуваат, изјави Костовски за време на протестот.

Тој посочи дека со покачувањето на платите на функционерите и на платите на вработените во важни државни органи и во Собранието, се врши повреда на членот 32 од Уставот, каде е утврдено правото на соодветна заработувачка на секој вработен.

Со други зборови, како што рече, вработените од секторот култура, но и од сите останати сектори се ставаат во нерамноправна положба.

-Сакаме да и порачаме на Владата дека културата секогаш била коректор на општествените процеси и дека нејзиното влијание не треба да се потценува. Можеби за Владата бројката од 200 вработени е неважна, но за потсетување, токму малите нешта имаат голема смисла и тие обликуваат целокупниот општествен контекст, додаде Костовски.

На протестот денеска поддршка дадоа и нивните колеги од Синдикатот на културните работници и СОНК. Учесниците на протестот очекуваат да се придружат и колегите од другите министерства и да дадат поддршка.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Филипче остро по падот на Орбан: ВМРО-ДПМНЕ го изгуби сојузникот,

12/04/2026
Македонија

ВЕТЕР СО НАД 60 KM/ЧАС И ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ Почетокот на

12/04/2026
Македонија

Метео аларм: Силен ветер долж Повардарието со над 60 км/ч

12/04/2026
Македонија

Обид за опожарување на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

12/04/2026
Македонија

ЈАНЕЗ ЈАНША ВО ЖЕСТОК ДУЕЛ СО МАКЕДОНКАТА СТОЈМЕНОВА ДУХ Кој

12/04/2026
Македонија

5 ВОЗАЧИ ДИВЕЕЛЕ НА ПАТИШТАТА Фатени за безобѕирно возење, без

12/04/2026
Македонија

ЦИКЛОНОТ ОД ЏЕНОВА ЌЕ ДОНЕСЕ ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ По празниците нè

12/04/2026
Македонија

МЕРКАТА ЗА САМОВРАБОТУВАЊЕ ВО ПОДЕМ КАЈ МЛАДИТЕ Речиси 1.900 бизниси

12/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42416
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Филипче остро по падот на Орбан: ВМРО-ДПМНЕ го изгуби сојузникот, нема веќе криење за Груевски!

12/04/2026

Лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, преку социјалните мрежи упати силна реакција по повод историскиот пораз на долгогодишниот унгарски премиер

ВЕТЕР СО НАД 60 KM/ЧАС И ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ Почетокот на неделата со сонце, па дожд

12/04/2026

Времето во понеделник, 13 април, ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен

Метео аларм: Силен ветер долж Повардарието со над 60 км/ч

12/04/2026

За утре (13 април 2026 година) е издадено метеоролошко предупредување поради најава за засилени воздушни струења и силен ветер во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy