
Се запали напуштена галија во Скопје, внатре имало отпад!
Пожар избувна во напуштената галија на кејот на Вардар во центарот на Скопје и во тек е интервенција на пожарникарната служба.
Kомандирот на противпожарната бригада на Град Скопје, Звонко Томевски, изјави дека пожарот е локализиран.
„Ќе оставиме службите да ја утврдат причината за пожарот, се гледа дека на галијата има големо количество отпад“, додава Томески.
Тој посочи дека интервенирале 12 пожарникари со три протовпожарни возила.
„Веднаш беа испратени три противпожарни возила, пристигнавме во 13 часот и 5 минути, тие брзо интервенираа, спречувајќи ширење на пожарот кој однадвор го зафатил предниот дел на бродот“, додаде Томевски.
