СЕ ВРАЌАЛЕ ОД ОДМОР, НА МАКЕДОНСКА ГРАНИЦА ИМ ВРАТИЛЕ ПОГРЕШЕН ПАСОШ: Се бара детето чиј пасош го добило ова српско семејство
Кој работи тој и греши, а изминатиов период гужвите на граничните премини и тоа како им создаваат притисок на вработените на шалтерите.
Па така, во групата Грција инфо, Андреа Петров предмалку напиша дека при влез во земјава, на граница и бил вратен пасош на дете кое не е нејзино.
„Само што ја поминавме границата, влеговме во Македонија. По грешка ни вратиле туѓ пасош на дете, на име Јован Добричич, 2013 година. Ѕвоневме на преминот, никој не се јави, ве молам ако некој го познава семејството да се јави…“ се вели во објавата.
