Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Се враќа ли „Фершпед“ во ерата на Штерјо Наков?
Економија

Се враќа ли „Фершпед“ во ерата на Штерјо Наков?

08/03/2024

AA

„Фершпед“ прави тригодишен континуиран раст на профитот. И 2023 година ја заврши со добивка што надмина 2 милиони евра. Компанијата нема кредити, а во услови на исти приходи како и во 2022 добивката порасна за 690.000 евра

„Фершпед“ ја враќа надежта и ги грее срцата на неговите мали акционери. По неколку тешки години и премрежија големата македонска компанија е на патот на старата слава и моќ.

Затоа што никој не може да ја оспори вредноста на информацијата добивката на „Фершпед“ лани порасна за 50% во однос на 2022 година и надмина 2 милиони евра.

Добивката на најголемата македонска шпедиција расте трета година по ред и тоа е потврда дека менаџментот ја води компанијата во добар правец. „Фершпед“ почнува да заличува на некогашната компанија гигант во македонската економија.

И уште еден факт што е многу битен. „Фершпед“ не должи на деловните банки. Тоа е информација која низ призмата на тие што вложуваат во хартии од вредност значи потенцијал.

Да почнеме со ред. „Фершпед“ лани работел во објективно речиси идентично опкружување како и во 2022 година. Приходите од продажба лани се 72,16 милиони евра односно само 3 отсто пониски од претходната година. Исто е нивото и на расходите. Изнесуваат 70,4 милиони евра и се 4 отсто пониски од 2022 година.

При тоа, класика, доминираат услугите со карактер на материјални трошоци кои секогаш се најголема расходна ставка во структурата на таа шпедитерска компанија. Изнесувале 57,1 милиони евра. Намалени се за 4 отсто. Трошоците за вработените пораснале за 6 отсто и достигнале 3,4 милиони евра.

Кога ќе се удри „црта“ оперативната добивка на компанијата изнесува 2,16 милиони евра што е за 47 отсто подобар резултат од 2022 година.

Финансиските приходи изнесуваат 118.000 евра, а финансиските расходи се помали од 10.000 евра. Тоа е одлична вест за сите акционери на „Фершпед“.

Обврските на компанија на крај на 2023 година изнесуваат 5,12 милиони евра и тоа се тековни обврски. Во однос на крајот на 2022 година се поголеми за 38 отсто. Од нивната структура се гледа дека нема кредити. Повеќе од половина се обврски кон добавувачи и останати обврски. Важно е да се истакне дека побарувањата на „Фершпед“ се значајно зголемени, дури за 55 отсто и на крајот на 2023 година достигнале вредност од 3,6 милиони евра. Исто така вредно е да се истакне дека вредноста на краткорочните вложувања е зголемена за 76 пати во однос на 2022 година.

Иако во образложението кон фнансиските извешати нема квалитетни информации за тоа во каква финансиска кондиција е „Фершпед“ факт е дека неговиот финансиски резултат е многу подобар од претходната година и дека компанијата не должи на банките.

Тоа се пристојни предуслови за акционерите да се надеваат дека и годинава ќе има дивиденда и дека таа ќе биде повисока од ланските 500 денари за акција. 

Р.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МАКЕДОНСКИ ВОЈНИЦИ НА УКРАИНСКО ТЛО НЕМА ДА ИМА Мисајловски тврди

01/10/2026
Македонија

МИНУС НАУТРО, ПЛУС 26 ПРЕКУ ДЕН Северен ветер и сончево

01/10/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА И САД, СОЈУЗНИШТВО ЗАСНОВАНО НА ДОВЕРБА Мицкоски објави фотографија

01/10/2026
Македонија

ДАВАЛ ПОТКУП ЗА ЛИЦЕНЦА ИАКО „ПУЛС“ НЕ ГИ ИСПОЛНУВАЛ УСЛОВИТЕ

01/10/2026
Македонија

„ИМЕТО Е СМЕНЕТО, ЗНАМЕТО Е СМЕНЕТО, ХИМНАТА Е СМЕНЕТА…“ Мисајловски

01/10/2026
Македонија

ГАЗДА ДЕКО ПРЕД НОВ ПРИТВОР, ОТВОРЕНА НОВА ИСТРАГА Обвинителството бара

01/10/2026
Македонија

СО БУГАРИЈА НИ ТРЕБА ЕВРОПСКИ, А НЕ СРЕДНОВЕКОВЕН ДИЈАЛОГ Димитровски

01/10/2026
Македонија

ОД РИМ НАЈАВА ЗА НОВА ЕРА ВО ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА Македонија

01/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45928
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МАКЕДОНСКИ ВОЈНИЦИ НА УКРАИНСКО ТЛО НЕМА ДА ИМА Мисајловски тврди дека Македонија нема да испрати

01/10/2026

Македонија нема да испраќа свои војници во Украина, порача министерот за одбрана Владо Мисајловски, нагласувајќи дека државата никогаш не презела

МИНУС НАУТРО, ПЛУС 26 ПРЕКУ ДЕН Северен ветер и сончево време низ Македонија

01/10/2026

Метеоролозите најавуваат ведро и студено утро, по што во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена

МАКЕДОНИЈА И САД, СОЈУЗНИШТВО ЗАСНОВАНО НА ДОВЕРБА Мицкоски објави фотографија од приемот кај Трамп

01/10/2026

Премиерот Христијан Мицкоски објави фотографија од приемот кај американскиот претседател Доналд Трамп, на кој присуствувал за време на престојот во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy