Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Се огласи Владата по зголемените царински тарифи: Очекувавме ваков потег од САД
Економија

Се огласи Владата по зголемените царински тарифи: Очекувавме ваков потег од САД

03/04/2025

AA

Владата се огласи со реакција по одлуката на САД на Македонија да и воведе висока царинска стапка од 33 отсто со коментар дека таквиот потег, како што велат од таму, бил најавуван и очекуван, како и дека се работи „за репреговарање на трговските односи во светот“.

Во соопштението испратено до медиумите пишува дека нема простор за паника и дека не треба да се избрзува со реакциите, туку од сега понатаму да се работи „на решавање на проблемот“.

– Во однос на одлуката на САД за царинските трошоци, за нас станува збор за очекувана одлука на американската администрација, која не ја одмина ниту една земја во светот – дури ни Велика Британија, Канада, Европската Унија и уште стотици други држави.

Владините тимови веќе некое време ги анализираат можните последици и заедно имаме подготвен план за надминување на ситуацијата. Оваа одлука нема да има голем импакт врз нашата економија, но ние имаме јасен план како понатаму.

Контактите со американската администрација се веќе воспоставени и ќе продолжат на високо ниво, а Владата ќе работи на изнаоѓање решение и на спроведување на планот.

Она што е значајно да се спомене е дека нема потреба од никаква паника, ниту од избрзани реакции и заклучоци. Станува збор за нешто долго најавувано од оваа администрација, и не е одмината ниту една земја – дури ни најстарите и најтрадиционални партнери на САД.

Ова е обид за репреговарање на трговските односи во светот – нешто што беше неопходно и што, иако сега за некои претставува шок, за други ќе значи можност.

Знаеме дека оваа ситуација е шанса за многу луѓе кои не ѝ посакуваат добро на Владата да напаѓаат неосновано и да се обидуваат да нанесуваат штета врз нашиот углед – било поради лични интереси, било поради партиски цели, било поради малодушност. А некои и поради оправдани дилеми – и нив целосно ги разбираме.

Нападите што ги слушаме од првата група споменати – не се ништо ново. Очекувани се, и тие не знаат ништо подобро од тоа. Но ние ќе ги преживееме и нивните напади, и ќе бидеме посилни – ќе се уверите во тоа, гласи соопштението на Владата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Пензиите ќе пораснат до 3,5 проценти, точниот износ ќе се

28/08/2026
Македонија

За едно деноноќие приведени 16 возачи за „безобѕирно управување“

28/08/2026
Македонија

ВИДЕО Големо количество сахарска прашина над Македонија

28/08/2026
Македонија

8 активни пожари на отворено, три се под контрола

28/08/2026
Македонија

Завршува летниот режим: ЈСП од 1 септември со зимски возен

28/08/2026
Македонија

Семејна драма во Македонска Каменица: Снаата ја нападнала свекрвата, па

28/08/2026
Македонија

Венецуелка пријавила физички напад во апартман во Центар, ѝ биле

28/08/2026
Македонија

Муцунски се прости од кралот Харалд V: „Длабоко сум погоден

28/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45314
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Пензиите ќе пораснат до 3,5 проценти, точниот износ ќе се знае во септември

28/08/2026

Пензионерите на почетокот на септември ќе дознаат колкаво ќе биде новото зголемување на пензиите, а првичните пресметки покажуваат раст од

За едно деноноќие приведени 16 возачи за „безобѕирно управување“

28/08/2026

Непочитувањето на сообраќајните правила повторно резултираше со голем број полициски интервенции низ земјава. Во текот на изминатото деноноќие, 16 возачи

ВИДЕО Големо количество сахарска прашина над Македонија

28/08/2026

Жешкиот воздушен бран од Африка денеска носи и зголемено количество сахарска прашина и песок над Македонија, поради што атмосферата на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy