Се огласи Симона Стојкова: Благодарам за трудот и загриженоста да ме најдете но се работи навистина за лажна тревога!
Нешто после полноќ, конечно се огласи и Симона Стојкова – 35-годишната жена по која трагаше, откако на социјалните мрежи беше објавена нејзина фотографија.
Таа воопшто и не ни била пријавена за исчезната во полициска станица, а вели дека објавата е лажна.
„Драги пријатели, сите што ме познавате лично и оние што не ме познавате, објавата денес што се прошири дека сум исчезната е лажна! Се кренала лажна тревога! Благодарам за трудот и загриженоста да ме најдете но се работи навистина за лажна тревога! Поздрав!“, стои во објавата.
За нејзиното исчезнување извести и веб страницата Најди ме.