Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Се огласи гинекологот Михајло Вангелов: Мојата грешка е административна, а не лекарска!
Македонија

Се огласи гинекологот Михајло Вангелов: Мојата грешка е административна, а не лекарска!

13/04/2023

AA

Гинекологот д-р Михајло Вангелов против кого Државниот здравствен и санитарен инспекторат (ДСЗИ) најави дека ќе биде поднесена прекршочна мерка за случајот со новороденчето кое почина во неделата во Клиничката болница во Битола, вели дека нема лекарска, туку само административна грешка, пренесува СДК.мк

„Сочувство до семејството, но како што гледам никој не мисли на нив и на нивната болка. Ова го изјавувам за да ставам крај на хајката што се крена против мене, политичка или каква и да е. Санитарниот инспекторат најде пропусти во непополнувањето на историјата за што содветно ќе одговарам, но не за лекарсна грешка! Тоа што имаше објава за некаква таблета, информација пуштена од некој кој сака да ми наштети, најодговорно тврдам дека не е вистина и за тоа има сведоци. Додека беше жената под мој лекарски надзор сѐ беше уредно и од ехо наод и од трите ЦТГ записи, таа не беше во процес на породување. Што се случуваше за време на раѓањето најдобро знаат дежурните лекари и родилката и затоа си има стручна комисија и за тоа не сакам да коментирам“, изјави за САКАМДАКАЖАМ.МК гинекологот Михајло Вангелов.


Тој како дежурен лекар ја прегледал пациентката во саботата на 8 април, а следниот ден во утринските часови ја примил од Одделението за гинекологија, ги направил потребните прегледи, ѝ дал терапија, а бидејќи породувањето не било почнато ја пуштил дома со препорака доколку се јават болки или прскање на воденикот, да се јави на одделението.

Битолската болница веќе еден месец е во фокусот на јавноста, прво по смртта на 5-годишната Јана Христовска по примена инфузија на Педијатриското одделение во болницата и поради смртта на новороденчето во неделата. По двете трагедии директорот Александар Обедниковски си даде оставка од морални причини, а за нов прв човек на установата поставена е докторката Елизабета Ивановска.


Читај повеќе на СДК

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВИДЕО Бугарија на осми избори од 2021 година: Криза на

19/04/2026
Македонија

Само 210 Бугари пријавени за гласање во Македонија

19/04/2026
Македонија

Aegean Airlines ги намалува летовите кон Скопје и Подгорица

19/04/2026
Македонија

ДЕФЕКТ НА МАМОГРАФОТ ВО ШТИП, ПАЦИЕНТКИТЕ ЌЕ СЕ СНИМААТ ВО

19/04/2026
Македонија

ЕКСПЛОЗИВ ВО ВИП ЗОНАТА, ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД – ПОЛИЦИЈАТА И ТАВ

18/04/2026
Македонија

НЕ БАРАМЕ ИЗГОВОРИ И ОДЛОЖУВАЊА, ТУКУ ПРАВДА ЗА НАШИТЕ ДЕЦА

18/04/2026
Македонија

ТОПЛО И СОНЧЕВО, СО СЕВЕРЕН ВЕТЕР Доаѓа заладување, со обилен

18/04/2026
Македонија

„Марш на ангелите“ во Штип: Семејствата на настраданите во „Пулс“

18/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42633
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВИДЕО Бугарија на осми избори од 2021 година: Криза на довербата и огромни трошоци

19/04/2026

Додека граѓаните на Бугарија денес излегуваат на гласање, државата се соочува со суровата реалност на својата политичка нестабилност. Ова се

Само 210 Бугари пријавени за гласање во Македонија

19/04/2026

Додека Бугарија ги одржува своите осми по ред парламентарни избори од 2021 година, политичката атмосфера е исполнета со мешавина од

Aegean Airlines ги намалува летовите кон Скопје и Подгорица

19/04/2026

Грчкиот авиопревозник Aegean Airlines донесе одлука за намалување на бројот на летови од Атина кон Скопје и Подгорица за претстојната

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy