Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Се обеси убиецот од кумановското село Габреш
Магазин

Се обеси убиецот од кумановското село Габреш

16/05/2024

AA

67- годишниот Д. Ѓ. од кумановското село Габреш, кој е осомничен за двојно убиството сестра си и внукот и обид за убиство на другиот внук, бил пронајден мртов во притворското одделение во Казнено-поправната установ Куманово – затвор К`шање.

Д. Ѓ. се обесил, откако со чаршаф се врзал за кревет на кат, додека во притворската келија имало уште еден притвореник кој спиел.

Според извори од истрагата, самоубиството се случило завчера околу 17 часот, а безживотното тело го пронашол командирот кој вршел редовна обикола во Одделението. Од МВР го потврдија случајот, но не сакаа да дадат повеќе информации, со образложение дека станува збор за самоубиство. Од Основното јавно обвинителство (ОЈО) во Куманово, велат дека тие ги презеле потребните дејствија, откако од затворот К’шање било пријавено дека притворено лице си го одзело животот.

„Јавен обвинител изврши увид во ќелијата, сослушано е лице кое било со него, како и управните служби на затворот, прегледани се камерите, а телото е предадено на обдукција. Сега го чекаме обдукцискиот наод и врз основа на него ќе следат другите дејствија“, изјави обвинителката Теута Рамандани од ОЈО Куманово.

Д. Ѓ. во притвор го чекал судењето за двојно убиството и обид за убиство, кое требало да започне откако ќе заврши истрагата, бидејќи се работело за обемен предмет.

Двојното убиство кое го изврши Д. Ѓ. се случи на 21 февруари годинава во селото Габреш, кога по расправија со двајцата внуци и сестрата извадил пиштол кој го поседувал со дозвола пукал кон нив. Во пукањето се убиени мајката и едниот син, а тешко бил повреден другиот син. „Во 12.25 часот полициски службеници од СВР го лишиле од слобода Д. Ѓ. (67) затоа што во село Габреш, Кумановско, поради нерасчистени имотно-правни односи пукал од огнено оружје кон неговата сестра Д. Р. (63), и нејзините синови Ж. Р. (36) и Т. Р. (38). Итна медицинска помош констатирала смрт кај Д. Р. и Т. Р., додека Ж. Р.со повреди е пренесен во Општа болница Куманово. Увидот е во тек“, соопшти тогаш СВР Куманово.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ ПРЕД НАС Температурите до пријатни 20 степени

03/03/2026
Македонија

ВИДЕО Сообраќајна несреќа кај Соборна: Возило се качи на жардињера!

02/03/2026
Македонија

АВТОПАТОТ КИЧЕВО-ОХРИД БИЛ ПРОЕКТИРАН БЕЗ БАНКИНИ Николоски откри дека државата

02/03/2026
Македонија

ОЈО СО ПРВИ ДЕТАЛИ ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО КАРПОШ Наредена обдукција

02/03/2026
Македонија

Се разгледува можноста за евакуација на македонските граѓани од ОАЕ!

02/03/2026
Македонија

ОЈО: Наредена обдукција на телата на починaтите жена и дете,

02/03/2026
Македонија

„СЕДИ ДОМА И СИ ПИЕ ЧАЈ“ Димитриевски вели дека куќниот

02/03/2026
Македонија

„Денес се случи убиство, целиот наш систем потфрли!“

02/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42153
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ ПРЕД НАС Температурите до пријатни 20 степени

03/03/2026

Метеоролозите нѐ информираат дека утре нѐ очекува сончево со мала до умерена локална облачност. По одделни котлини ќе има услови

ВИДЕО Сообраќајна несреќа кај Соборна: Возило се качи на жардињера!

02/03/2026

Сообраќајна несреќа се случи вечерва кај Соборниот храм во Центар. Се претпоставува дека возачот изгубил контрола и се качил на

АВТОПАТОТ КИЧЕВО-ОХРИД БИЛ ПРОЕКТИРАН БЕЗ БАНКИНИ Николоски откри дека државата ќе плати 37 милиони евра

02/03/2026

Министерот за транспорт Александар Николоски вечерва изјави дека во проектот за автопатот Кичево–Охрид биле изоставени клучни безбедносни елементи, меѓу кои

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy