
Се нижат неуспесите на Милан: „Росонерите“ испаднаа од Купот на Италија (ВИДЕО)
На домашен терен, „росонерите“ загубија од Аталанта со 1-2 во четвртфиналната фаза од ова натпреварување. На Милан не му помогна ни тоа што водеше со голот на Леао во 45. минута бидејќи гостите веднаш израмнија, на стартот на судиското продолжение.
Клучниот момент се случи во 59. минута кога Копмајнерс од пенал го совлаада Мењан, а до крајот на мечот Милан не успеа ни да го загрози противничкиот гол.
Во полуфиналето, Аталанта ќе се сретне со Фиорентина која беше подобра од Болоња со 1-0.