
СЕ НАМАЛУВААТ ОВЛАСТУВАЊАТА: Усвоени се уставните измени во Бугарија
Усвоени се уставните измени во бугарското Собрание.
Народното собрание на Бугарија денеска даде одобрување за уставните измени со кои се одзема голем дел од овластувањата на претседателот врз преодната влада, се намалуваат овластувањата на јавниот обвинител и се реструктуира Врховниот судски совет. Се создава и процедура за пристап на граѓаните до Уставниот суд. Вкупно 165 пратеници ги поддржаа уставните амандмани од ГЕРБ, ПП-ДБ и ДПС. „Против“ беа 71 пратеник од „Вазраждане“, БСП и „Има таков народ“. Уставните измени ќе бидат oспорени пред Уставниот суд од партиите кои гласаа против во парламентот. Овие партии се очекува да добијат поддршка од претседателот Румен Радев. Инаку, Бугарија бара уставни измени за внесување на Бугарите во македонскиот Устав.
foto freepik.com