Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Се бара враќање на автономијата – реакции на предлог-законот за високо образование
Македонија

Се бара враќање на автономијата – реакции на предлог-законот за високо образование

23/02/2026

AA

Јавната расправа за Предлог-законот за високо образование отвори прашања поврзани со организацијата, управувањето и степенот на самостојност на државните универзитети. На дебата одржана на Филолошкиот факултет, претставници од академската заедница изнесоа забелешки и предлози за измена на одредени решенија.

Ректорката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Биљана Ангелова, побара отстранување на регулативата со која, според неа, се намалува автономијата на универзитетот. Таа очекува зачувување на финансиската, кадровската и организациската самостојност на УКИМ.

„Тоа е пред сѐ во делот на органите на управување на универзитетот… Треба да ни се остави слобода и понатаму да можеме сами да ги воспоставуваме критериумите без согласност, со слободна флуктуација или мобилност од еден на друг универзитет“, изјави Ангелова.

Реакции пристигнаа и од уметничките факултети, кои посочија дека во предложениот текст не се доволно земени предвид нивните специфики. Деканите нагласија дека одредени решенија може да бидат тешко применливи во пракса поради природата на наставата.

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, изјави дека јавната дебата има за цел подобрување на текстот на законот и дека сите предлози ќе бидат разгледани пред тој да биде доставен до Владата. Таа додаде дека Министерството соработува со универзитетите во процесот на изработка на законските решенија.

Предлог-законот, по завршувањето на јавните консултации, ќе биде поставен на платформата ЕНЕР, по што следуваат натамошните институционални процедури.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЗОШТО ВРХУШКАТА НА СДСМ СЕ РАСПРАШУВАШЕ ШТО КАЖАЛ ГРУБИ ВО

23/02/2026
Македонија

ЈСП воведува онлајн надополнување на картичките за превоз

23/02/2026
Македонија

СДСМ: Куќен притвор за Груби е потврда дека сè е

23/02/2026
Македонија

Судот му одреди куќен притвор на Артан Груби

23/02/2026
Македонија

ОДРОН ВО ТУНЕЛОТ НА АВТОПАТОТ СКОПЈЕ-ВЕЛЕС Сообраќајот се одвива по

23/02/2026
Македонија

36-годишник од САД физички нападнал полицајци на наплатната станица Демир

23/02/2026
Македонија

Се бара враќање на автономијата – реакции на предлог-законот за

23/02/2026
Македонија

Куќен притвор за Артан Груби и одземање на пасош

23/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41832
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЗОШТО ВРХУШКАТА НА СДСМ СЕ РАСПРАШУВАШЕ ШТО КАЖАЛ ГРУБИ ВО ОБВИНИТЕЛСТВОТО? Наскоро ќе му прават

23/02/2026

Одлуката за домашен притвор е на Oбвинителството, истото она со 2 отсто доверба и за кое СДСМ се бореше да

ЈСП воведува онлајн надополнување на картичките за превоз

23/02/2026

Јавното сообраќајно претпријатие во Скопје воведе нова можност за корисниците на јавниот превоз, со која картичките за патување може да

СДСМ: Куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено!

23/02/2026

Одредувањето куќен притвор за Груби е потврда дека сè е договорено, велат од СДСМ во соопштение до јавноста. „Затоа судството

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy