Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СДСМ за враќањето на Груби: ДУИ го спасува Мицкоски, на сите им е јасно дека бегството беше политички договор
Македонија

СДСМ за враќањето на Груби: ДУИ го спасува Мицкоски, на сите им е јасно дека бегството беше политички договор

23/02/2026

AA

Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ, денеска на прес конференција порача дека секој што го прекршил законот мора да одговара.

Како што вели, ДУИ го спасува премиерот Христијан Мицкоски односно му фрлиле гума за спасување.

„После денешниот театар на македонската граница веќе на сите им е јасно дека бегството на Артан Груби беше политички договор. СДСМ ова го најави уште во декември 2024 година. Сега само се потврди пред очите на македонската јавност.

Како што се договорија да го пуштат, така сега се договорија да се врати. На овој начин ВМРО со поддршка од ДУИ сака да го покрие најголемиот нарко-скандал со 5 тони дрога кој води до врвот на Владата на Мицкоски.

Но и бројните скандали со криминални тендери за кои повеќе од 80 дена нема никакви оддговори. 161 тендер за семејна фирма на Томовски, 51 тендер за „Пирамид Билдинг“, 74 тендери за „Ленди Груп“, 9 милиони евра за фирма со двајца вработени, 1,2 милиони евра тендер преку Пошта за фирма блиска до ЗНАМ.

Сите тендери водат до најтесниот круг околу Мицкоски а повеќе од 80 дена нема реакција од обвинителството. Повеќе од 20 денови нема одговори за 5 тони дрога, нема одговори за сликите со Симе, за Адамовиќ…

Граѓаните нема да добијат одговори на прашањата но ќе добијат театар, како денеска. Нема борба против криминалот и корупцијата. Станува збор само за договорена кампања поради падот на рејтигнот на Мицкоски.

Сакаше да се претставува како чесен, но по бројните скандали, скапите часовници и луксузирањата на грбот на народот со авион веќе е прочитан од граѓаните. Copy-paste по рецепт на Вучиќ, кој секогаш кога е во пад највува некое апсење.

Немаат одговор на скандалите, веднаш прават дефокус. Нема одговор за 5 тони дрога, веднаш 100 тони запленета марихана од Струмица.

“Лесни македонски перници“, на овој начин 5 тони дрога била пренесена преку границата. Значи замешани се и од царината и од полиција, и од други институции  под контрола на владејачката структура и на Мицкоски.

Се отвори прашањето кој од актуелните функционери во Владата на Мицкоски ќе одговара?

Затоа им е потребен Артан Груби. Цела е повторно да се поврзе СДСМ со ДУИ.

Како што се поврзуваше кампањата со марихуаната од Струмица, како што имавме можност да видиме и со оваа најава на Жан, со купишта натписи пред неколку недели за наводна поврзаност меѓу СДСМ и ДУИ.

А вистината е дека ВМРО-ОКГ се во дил со ДУИ.

Власта го презема судството и обвинителството под своја контрола, се рушат предметите на СЈО  сега е вистинско време Груби да се предаде.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

32 годишна жена измамена за 3000 евра, очекувала работна виза

23/02/2026
Македонија

Објавени снимки од надзорни камери: Серискиот убиец од Старо Нагоричане

23/02/2026
Македонија

Уапсени четири лица, осомничени се дека запалиле „ланд ровер“ во

23/02/2026
Македонија

САМО 16 ВОЗАЧИ ФАТЕНИ НА ЦРВЕНО ВО ПОСЛЕДНАТА СЕДМИЦА На

23/02/2026
Македонија

Петрушевски: Време е за одговорност, Груби ќе се соочи со

23/02/2026
Македонија

МНР со апел до македонските државјани: Веднаш напуштете го Мексико!

23/02/2026
Македонија

Кривична пријава против поранешен директор на ЈЗУ Здравствен дом Куманово,

23/02/2026
Македонија

АРТАН ГРУБИ Е „ЦРНАТА КУТИЈА НА ДУИ“ Kој ќе оди

23/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41807
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

32 годишна жена измамена за 3000 евра, очекувала работна виза за Германија

23/02/2026

На 22.02.2026 во 20:00 часот во СВР Тетово, 32-годишна жена од Тетово пријавила дека била измамена од едно лице од

Објавени снимки од надзорни камери: Серискиот убиец од Старо Нагоричане фатен пред куќа!

23/02/2026

Телевизијата Телма објави видео-снимки од надзорни камери, за кои тврди дека го прикажуваат осомничениот сериски убиец од Старо Нагоричане. Станува

Уапсени четири лица, осомничени се дека запалиле „ланд ровер“ во Струмица

23/02/2026

На 21.02.2026 и 22.02.2026 полициски службеници од СВР Струмица ги лишија од слобода Д.Г.(19) од село Секирник, струмичко, Р.П.(38) од

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy