Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СДСМ: Скандалозна злоупотреба на комисијата за Онкологија, Мизрахи да си даде оставка
Македонија

СДСМ: Скандалозна злоупотреба на комисијата за Онкологија, Мизрахи да си даде оставка

27/11/2023

AA

Рашела Мизрахи  и ДПМНЕ ја злоупотребија комисијата за Онкологија и побегнаа затоа што немаат никакви аргументи.  Сакајќи да ги престави своите или заклучоците од белата палата како заклучоци на Комисијата, направи преседан во Сообранието и ја злоупотреби својата политичка функција. Рашела Мизрахи требаа веднаш да си поднесе оставка,  заради својот однос кон пациентите на Онкологија, кој е недозволив. Мизрахи, на анкетната комисија само ги прочита заклучоците кој доаѓаат од блата палата на ВМРО-ДПМНЕ и без гласање си замина еден час на пауза.

„Не постои  интерес на ВМРО-ДПМНЕ за граѓаните, а со односот на Рашела, бевме сведоци на една класична политичка злоупотреба од страна на ВМРО-ДПМНЕ и претседателката Рашела Мизрахи. Таа докажа дека нивната анкета било само заради политичка цел. Нас ни беше работа да откриеме дали имало злоупотреба на правата на пациентите. Но, таа ја зема улогата на обвинител на судија, и врз основа на свои заклучоци почна да наведува кој колку треба да лежи во затвор, без никакви докази. Ова е класична злоупотреба на функцијата каде пациентите и грижата за нив не се важни, туку само политичките цели на ВМРО-ДПМНЕ“, изјави пратеникот на СДСМ Ненад Коциќ.

Во изјавата тој додаде дека СДСМ ги изнесе своите заклучоци во кои бараат од основно јавно обвинителство веднаш да ги расчистат сомнежите за терапијата на клиниката на Онкологија. Оттаму велат дека постоеле долгогодишни системски слабости на функционирањето на Клиниката , констатирани во извештаите за 2021, 2012 и 2008 година.

Се констатира и дека до 2017 година не била набавувана соодветна и навремена терапија за лекување на пациентите на Онкологија, а со измените на законот за здравствена заштита се дозволило увезување на лекови без сертификат од ЕУ и тоа претставувало потенцијална опасност за увезување лекови со сомнително потекло.
„Ние како Собрание сме должни да ги погледнеме системските слабости ,  да донесеме соодветни заклучоци кои ќе бидат во корист за да помогнеме за подобрување на здравјето на нашите сограѓани“,  вели Коциќ.

Интегрално соопштение од СДСМ

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СДСМ НЕ ПОДДРЖУВА НИКОГО НА ИЗБОРИТЕ ВО БРВЕНИЦА Во вториот

22/10/2026
Македонија

СДСМ НЕ ПОДДРЖУВА НИКОГО НА ИЗБОРИТЕ ВО БРВЕНИЦА Гласачите да

22/10/2026
Македонија

СЛАВЈАНКА ПЕТРОВСКА МУ ПОРАЧА НА ФИЛИПЧЕ ДЕКА Е ВРЕМЕ ДА

22/10/2026
Македонија

НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ НЕ МОЖЕ ДА СИ ЈА ПЛАТИ КИРИЈАТА!? Институцијата

22/10/2026
Македонија

ПРВО АКЦИСКИ ПЛАН ЗА МАЛЦИНСТВА, ДОГОВОРЕН СО 27 ЗЕМЈИ ЧЛЕНКИ,

22/10/2026
Македонија

ОЧЕКУВАМ НАСКОРО ДА БИДЕ ВАЛОРИЗИРАН НАШИОТ НАПРЕДОК ВО РЕФОРМИТЕ И

22/10/2026
Македонија

ВИНИЧАНЕЦ ЌЕ ДОБИЕ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ЕДНА СЕМКА OД КАНАБИС

22/10/2026
Македонија

ЖИВЕЕМЕ ВО ЕДЕН ОД НАЈПРЕДИЗВИКУВАЧКИТЕ ПЕРИОДИ ВО ИСТОРИЈАТА! Мицкоски пред

22/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46326
  • Регион 3997
  • Свет 16
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СДСМ НЕ ПОДДРЖУВА НИКОГО НА ИЗБОРИТЕ ВО БРВЕНИЦА Во вториот круг граѓаните да гласаат по

22/10/2026

Претседателот на СДСМ Венко Филипче во интервју за Алсат М телевизија изјави дека СДСМ нема да поддржи ниту еден кандидат

СДСМ НЕ ПОДДРЖУВА НИКОГО НА ИЗБОРИТЕ ВО БРВЕНИЦА Гласачите да гласаат по свое убедување во

22/10/2026

Претседателот на СДСМ Венко Филипче во интервју за Алсат М телевизија изјави дека СДСМ нема да поддржи ниту еден кандидат

СЛАВЈАНКА ПЕТРОВСКА МУ ПОРАЧА НА ФИЛИПЧЕ ДЕКА Е ВРЕМЕ ДА СИ ЗАМИНЕ На СДСМ му

22/10/2026

Славјанка Петровска потврди дека има амбиција да застане на чело на СДСМ, но смета дека во овој момент не треба

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy