Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СДСМ САКААТ ДА МЕ ВОВЛЕЧАТ ВО СКАНДАЛ, БАРАМ ИЗВИНУВАЊЕ Арсовски остро ги демантира наводите за поврзаност со сопственикот на „Дигитал оне“
Македонија

СДСМ САКААТ ДА МЕ ВОВЛЕЧАТ ВО СКАНДАЛ, БАРАМ ИЗВИНУВАЊЕ Арсовски остро ги демантира наводите за поврзаност со сопственикот на „Дигитал оне“

30/11/2025

AA

Димче Арсовски, член на раководството на ВМРО-ДПМНЕ, остро ги демантира наводите дека бил во некаква поврзаност со лицето Кристијан Арсовски, за кое СДСМ денеска на прес-конференција обвини дека било вмешано во спорен милионски тендер преку фирмата „Дигитал оне“, која наводно има само двајца вработени.

Димче Арсовски ги нарече лаги обвинувањата на СДСМ.

„Денеска СДСМ повторно покажа и докажа дека влијанието од заевизмот и многуте лиценци поделени за одгледување марихуана, сè уште владеат во СДСМ.

Некое момче во залез на кариера после сериозен пораз на избори, нарекувајќи се втор човек во партијата, јавно се обидел да ме поврзе со некаков си тендер од неколку милиони евра, само и само затоа што сопственикот носел исто презиме како моето.

За да биде детално јасно, ниту го познавам човекот кој е сопственик на фирмата, ниту сум го сретнал, ниту знам како изгледа, ниту ми е роднина по било која основа. Единствено што е исто е презимето. Немам никаква врска со никаков тендер, ниту пак сум имал било каква врска со државни тендери.

Иако во прашална форма, моето име и презиме беше споменато на пресот на СДСМ, тенденциозно со намера да ме вовлечат во нивни креатури и да ги манипулираат граѓаните и јавноста, па затоа јавно барам извинување од СДСМ, ако им остана малце достоинство.

За разлика од нив, секој мој прес каде што било изнесено било што како информација, било точно и потврдено, а не како нивниве лаги и измислици. Знам дека сè  уште ги боли што ја изнесував секојдневно вистината за нивниот криминал.

Избори и доверба кај народот не се добиваат со тоа што ќе измислувате непостоечки случаеви и интриги за луѓе од ВМРО-ДПМНЕ, туку со напорна работа, реформи и програма.

Така победува ВМРО-ДПМНЕ на изборите, со чесно и домаќинско работење, а криминал доколку некаде има, институциите си ја вршат работата и тоа се гледа“, вели Арсовски.

 

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Сопственикот на „Пулс“ за неполн месец излегува од притвор

09/09/2026
Македонија

Сеопфатното сексуално образование оди на ревизија, МОН го повлече предметот

09/09/2026
Македонија

Ангелов: Нема алармантни пожари, но опасноста од нови разгорувања останува

09/09/2026
Македонија

Полицијата приведе 21 возач: 14 без положен испит, четворица со

09/09/2026
Македонија

Мицкоски: Настаните за 35 години независност ги чинеле граѓаните и

09/09/2026
Македонија

Мицкоски: Нема да има поскапување на струјата, ќе се обидеме

09/09/2026
Македонија

464 инспекциски контроли за една недела, изречени глоби од над

09/09/2026
Македонија

Од сабота „Безбеден град“ и во Велес

09/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45591
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Сопственикот на „Пулс“ за неполн месец излегува од притвор

09/09/2026

За неполн месец, сопственикот на дискотеката „Пулс“ од Кочани, Дејан Јованов – Деко, ќе излезе од притвор и понатамошниот дел

Сеопфатното сексуално образование оди на ревизија, МОН го повлече предметот

09/09/2026

Средношколците нема да го изучуваат изборниот предмет „Сеопфатно сексуално образование“, откако Министерството за образование и наука одлучи привремено да ја

Ангелов: Нема алармантни пожари, но опасноста од нови разгорувања останува

09/09/2026

Иако во моментов нема пожари кои се оценуваат како алармантни, опасноста од нивно повторно разгорување и избувнување нови огнени жаришта

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy