Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ИНСИСТИРААТ НА ПЕТКИ БЕЗ ЗНАЕЊЕ И ТАКА ПРАВАТ ГОЛЕМА ШТЕТА Проблемот со „петките“ во образованието е кај родителите
Македонија

ИНСИСТИРААТ НА ПЕТКИ БЕЗ ЗНАЕЊЕ И ТАКА ПРАВАТ ГОЛЕМА ШТЕТА Проблемот со „петките“ во образованието е кај родителите

30/11/2025

AA

Проблемот со „петките“ во Македонија е сериозен и  генерално се лоцира кај инсистирањето на родителите, вели министерката за образование и наука, Весна Јаневска одговарјаќи на новинарско прашање.

– Оние родители кои инсистираат нивните деца да добиваат високи оценки без соодветно знаење де факто им прават голема штета прво на своите деца.

Според министерката, послабата оценка не е казна, туку треба да биде мотив за постигнување на одредени компетенции, вештини и квантум на знаење кој ќе му помогнат во животот на детето.

– Ако тоа е задоволно од својот труд, од своите постигнувања ќе биде задоволно и целото општество, иако тоа е масовна појава. Има неколку мерки кои досега сме ги презеле-на пример со Е-дневникот, со разни програми со кои се обидуваме да влијаеме на разни стереотипи и предрасуди и ќе продолжиме во ист правец – рече Јаневска.

Јаневска потсетува и дека сојузништвото меѓу наставниците, родителите и заедницата е клучно за развој на просперитетни генерации со емпатија и критичко размислување.

– Наставниците се вистински магионичари – не само во однос на знаењето што го пренесуваат, туку и во обликувањето на карактерот и развојот на децата во целина. Тие ги поттикнуваат да размислуваат храбро, да се водат од вредности и да се подготвуваат за свет полн со предизвици. Но, за да успеат неопходна е поддршка и соработка со семејствата и заедницата.

Одговарајќи на прашање за можноста од воведување приемни испити на факултетите, појасни дека тоа не е забрането и дека секој факултет може самостојно да одлучи дали ќе воведе таков испит. Таа додаде дека на некои факултети, како Архитектонскиот, веќе постојат форми на претквалификација и обука за испит.

Сепак, според европските практики и новиот образовен систем, вели Јаневска, кој го следи македонскиот модел, матурата треба да биде доволна мерка за упис на факултет, бидејќи двојните елиминациски скалила се неправедни кон учениците.

Јаневска потсети дека државната матура е изменета по барање на учениците и наставниците и дека сега постои јасна поделба меѓу државната стручна и гимназиската матура. Оваа промена, како што рече, овозможува еднаков пристап кон високото образование и за учениците од стручните училишта и за оние од гимназиите. Притоа, материјалот од општообразовните предмети за стручните ученици ќе биде усогласен со нивните наставни програми.

Министерката нагласи дека целта на овие реформи е создавање праведен систем што ќе ги вреднува вештините и знаењата на секој ученик, без дополнителни административни бариери.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Сопственикот на „Пулс“ за неполн месец излегува од притвор

09/09/2026
Македонија

Сеопфатното сексуално образование оди на ревизија, МОН го повлече предметот

09/09/2026
Македонија

Ангелов: Нема алармантни пожари, но опасноста од нови разгорувања останува

09/09/2026
Македонија

Полицијата приведе 21 возач: 14 без положен испит, четворица со

09/09/2026
Македонија

Мицкоски: Настаните за 35 години независност ги чинеле граѓаните и

09/09/2026
Македонија

Мицкоски: Нема да има поскапување на струјата, ќе се обидеме

09/09/2026
Македонија

464 инспекциски контроли за една недела, изречени глоби од над

09/09/2026
Македонија

Од сабота „Безбеден град“ и во Велес

09/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45591
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Сопственикот на „Пулс“ за неполн месец излегува од притвор

09/09/2026

За неполн месец, сопственикот на дискотеката „Пулс“ од Кочани, Дејан Јованов – Деко, ќе излезе од притвор и понатамошниот дел

Сеопфатното сексуално образование оди на ревизија, МОН го повлече предметот

09/09/2026

Средношколците нема да го изучуваат изборниот предмет „Сеопфатно сексуално образование“, откако Министерството за образование и наука одлучи привремено да ја

Ангелов: Нема алармантни пожари, но опасноста од нови разгорувања останува

09/09/2026

Иако во моментов нема пожари кои се оценуваат како алармантни, опасноста од нивно повторно разгорување и избувнување нови огнени жаришта

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy