Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СДСМ: Пожарите беснеат на сите страни – ВМРО-ДПМНЕ покажа тотална неспособност!
Македонија

СДСМ: Пожарите беснеат на сите страни – ВМРО-ДПМНЕ покажа тотална неспособност!

28/07/2025

AA

Ситуацијата со пожарите во земјава е алармантна: над 50 пожари се регистрирани за едно деноноќие, веќе со денови гори на планините и во шумите, пожари има во Берово, Прилеп, Катланово, Петровец, Кичево, Кратово, Крива Паланка, Желино, Македонски Брод, велат од СДСМ во соопштение.

„Над 20% од вкупната површина на шуми и пасишта се изгорени, претворени во пепел.

Наместо брза, координирана и силна реакција, владата на ВМРО-ДПМНЕ покажа катастрофлана неспособност во справување со пожарите.

Се доцни со интервенцијата на терен, со што се дозволува пожарите да земат огромен замав, нема нова опрема, нема доволен број на пожарникари, нема доволно лица на теренот.

Иако власта ветуваше дека оваа година биле најспремни за пожарите и нема да дозволат да земат замав се покажа дека се било голема лага.

Нема нови противпожарни возила, затоа што за ВМРО-ДПМНЕ приоритет беше купивањето службени мобилни телефони за дури 7 милиони евра. Колку противпожарни возила можеа да се купат со 7 милиони евра?

Нема нови системи и авиони за гасење пожар затоа што власта се расфрлаше со парите на граѓаните за приватни летови, за скапа морска храна, папаја и манго.

Нема вработување на нови пожарникари, нема зголемување на платите на пожарникарите затоа што за ВМРО-ДПМНЕ приоритет беа партиските списоци за вдомување на партиските членови.

Дополнително, ВМРО-ДПМНЕ ги одбиваше сите предлози на СДСМ.

Последно, во Собранието ВМРО-ДПМНЕ не ги поддржа ниту амандманите на СДСМ со ребалансот да се обезбедат повеќе пари, 500 милиони денари за зголемувањето на бројот на пожарникарите, за зголемување на нивните плати, како и набавка на нова опрема.

Страшно, жално и крајно неодговорно е однесувањето на Владата кон целата состојба со пожарите“, се вели во соопштението на СДСМ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy