Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Мицкоски: Пуштен во употреба затворениот базен во Кисела Вода – тоа се средства на граѓаните и мора да бидат ставени во функција!
Македонија

Мицкоски: Пуштен во употреба затворениот базен во Кисела Вода – тоа се средства на граѓаните и мора да бидат ставени во функција!

28/07/2025

AA

Во Основното училиште „Невена Георгиева-Дуња“ во Општина Кисела Вода денеска свечено беше пуштен во употреба нов затворен базен, изграден како дел од програмата за подобрување на спортската инфраструктура во образовните установи. На настанот присуствуваше и премиерот Христијан Мицкоски, кој истакна дека ваквите проекти се важни не само за учениците, туку и за целата заедница.

„Немам што многу да додадам по сè што веќе кажаа министерот, изведувачот на работите и градоначалникот на Кисела Вода. Сакам само да посакам дечињата од ова училиште, но и сите основци од општината, долго и со радост да го користат овој базен,“ рече Мицкоски.

Тој нагласи дека државата има обврска да ги довршува започнатите проекти, без разлика во кое време биле започнати.

„Многу е важно сè што е започнато – да се заврши. Не смееме да оставаме недовршени објекти како споменици на едно време, без разлика дали тоа ни се допаѓало или не. Тоа се средства на граѓаните и мора да бидат ставени во функција, за да им служат на граѓаните,“ истакна премиерот.

Во својата изјава, Мицкоски најави дека до крајот на летото ќе бидат пуштени во употреба уште четири вакви базени, кои се градат од истиот изведувач.

„Остануваме Влада насочена кон реализација на проекти, реформи и визија за иднината,“ порача тој, додавајќи: „Нека е со среќа уште еднаш.“

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy