Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СДСМ: Повторно нема истрага против никој од МВР одговорен таа ноќ
Македонија

СДСМ: Повторно нема истрага против никој од МВР одговорен таа ноќ

13/04/2025

AA

Од СДСМ велат дека проширувањето на истрагата за страшната трагедија во Кочани се уште е фокусирана само на минатото а никако на моментите кога се случил кривично-правниот настан ниту на актуелни полициски функционери.

„Истрагата се уште нема одговор на клучните прашања:

-Кој е одговорен за пожарот поради кој згасна 61 живот а околу 200 млади луѓе беа повредени?

-Кој ќе одговара за пропустите во безбедноста, за кои директно се надлежни МВР и БЈБ?

На денот на трагедијата, 16 март, актуелните функционери на ОВР Кочани, СВР Штип и БЈБ кои биле на позиции биле одговорни за безбедноста и морале да постапуваат.

Ако затаиле контролните механизми и безбедноста, кои се под директна надлежност на ОВР Кочани, СВР Штип, односно МВР и БЈБ како е можно ниту еден од актуелните функционери да не биде приведен и да не биде опфатен со истрагата?

Фактите говорат дека овие институции под директна надлежност на МВР не постапиле соодветно за време на кривично-правниот настан и непосредно пред него.

Не само што не изготвиле безбедносен план и не направиле проценка на ризик, полицијата била на лице место кобната ноќ во диското – видела малолетници, пиротехника, непријавен настан, клуб без лиценца – и не презела ништо.

Дополнително, МВР е надлежно и за дозволите и контролата на употреба на пиротехника во затворен простор –што е основна причината за пожарот.

Тошковски наместо да дава политички изјави треба да одговори како е можно да нема никаква одговорност од актуелните полициски функционери кои биле на позиции тој ден?

СДСМ инсистира на неселективна правда за Кочани. Никој не смее да биде заштитен. Истрагата не смее да продолжи да се води селективно насочена само кон минатото.

Одговорност мора да има за сите, особено за оние пропустите во безбедноста, без разлика на функцијата или позицијата“, велат од СДСМ.. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

🎥 ЗА ИЗЛЕЗ ОД ГРЦИЈА СЕ ЧЕКА ПО 2 ЧАСА

13/04/2026
Македонија

МАЃАР НАЈАВИ ДЕКА ЌЕ ГИ ЗАЧУВА ДОБРИТЕ ОДНОСИ СО МАКЕДОНИЈА

13/04/2026
Македонија

УНГАРИЈА НЕМА ДА БИДЕ ДЕПОНИЈА ЗА СТРАНСКИ КРИМИНАЛЦИ Маѓар вели

13/04/2026
Македонија

Внимавајте на брзината: Стартува европската акциска контрола на патиштата

13/04/2026
Македонија

Муцунски му честиташе на Маѓар, очекува дека ќе продолжи соработката

13/04/2026
Македонија

Израелската амбасадорка со пофалби за брзата реакција на македонските власти

13/04/2026
Македонија

🎥 СИЉАНОВСКА ДАВКОВА ПРЕДУПРЕДУВА ДА НЕ СЕ НАЈДЕМЕ ИЗГУБЕНИ ВО

13/04/2026
Македонија

СДСМ: Време е за правда – Груевски на издржување казна!

13/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42440
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

🎥 ЗА ИЗЛЕЗ ОД ГРЦИЈА СЕ ЧЕКА ПО 2 ЧАСА По продолжениот викенд се создадоа

13/04/2026

Граѓани споделуваат видеа на социјалните мрежи дека со часови чекаат за излез од Грција на граничниот премин Евзони. На границата

МАЃАР НАЈАВИ ДЕКА ЌЕ ГИ ЗАЧУВА ДОБРИТЕ ОДНОСИ СО МАКЕДОНИЈА Нема да се меша во

13/04/2026

Победникот на изборите во Унгарија Петар Маѓар денеска изјави дека како премиер планира да има добри односи со Македонија и

УНГАРИЈА НЕМА ДА БИДЕ ДЕПОНИЈА ЗА СТРАНСКИ КРИМИНАЛЦИ Маѓар вели дека тоа важи и за

13/04/2026

Одговарајќи на новинарски прашања, победникот на изборите кој се очекува да биде нов премиер на Унгарија, Петер Маѓар, во врска

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy