Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СДСМ: Политиките на СДСМ обезбедија стабилен енергетски систем, Мицкоски е непознавач на енергетиката
Македонија

СДСМ: Политиките на СДСМ обезбедија стабилен енергетски систем, Мицкоски е непознавач на енергетиката

29/01/2023

AA

Од СДСМ велат дека преку одговорен и домаќински пристап Владата предводена од СДСМ и надлежните институции успеаја и во најпредизикувачката година за енергетиката, да обезбедат стабилно и редовно снабдување со електрична енергија за сите корисници.

„Христијан Мицкоски се докажа како врвен непознавач на енергетиката, сите негови лаги и апокалиптични сценарија ги плашеше граѓаните, пропаднаа.

Нема никакви рестрикции на струја како што лажеше Мицкоски, напротив, низ целиот овој кризен период имаме непречно снабдување со електрична енергија.

И не само што сите потреби стопроцентно се обезбедуваат од домашно производство, туку сред јануари извезуваме струја што значи и дополнителен девизен прилив.

Најнеуспашниот директор на ЕЛЕМ/ЕСМ Христијан Мицкоски, прогнозираше колапс на енергетскиот сектор, а во реалноста, за прв пат после подолг временски период сите капацитети се вклучени на мрежата.

Тоа беше незамисливо кога тој беше директор на ЕЛЕМ, сега ЕСМ и советник за енергетика на Никола Груевски, кога увозот на скапа струја и испадите на енергетската мрежа беа секојдневие.

Тогаш незамисливо беше и да се смета на електричната енергија од обновливи извори, затоа што нејзиниот удел беше незначителен.

Денес, само од обновливи извори за помалку од една година инсталирани се 141 мегават електрична енергија, далеку повеќе отколку за целиот инвестиран капацитет во 11 години владеење на ВМРО-ДПМНЕ.

Нема ниту драстично зголемување на цената на струјата, за што исто така Мицкоски лажеше. Напротив, цените не се зголемуваат, туку има и благо намалување на сметките за домаќинствата, а малите и средни компании, околу 72.000 добиваат за 20 отсто понииски сметки за струја.

Сето ова е успех на Владата предводена од СДСМ и премиерот Димитар Ковачевски, покажавме како се работи одговорно и домаќински во енергетскиот сектор.

Мицкоски може да учи како ефикасно се управува со енергетскиот сектор“, велат од СДСМ.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЛЕФКОВ НАЈАВИ КРИВИЧНА ЗА ЈОН ФРЧКОСКИ Го повика Обвинителството да

20/09/2026
Македонија

СЛУШНАЛ ВРЕСОЦИ И ТРГНАЛ ПО СИНОТ ВО КАЊОНОТ Таткото загина

20/09/2026
Македонија

ЗНАМ НЕ ВЛЕЗЕ ВО ВЛАДА ЗА ФОТЕЛЈИ Димитриевски даде отчет

20/09/2026
Македонија

СУДАР КАЈ „ТУЛАНАТА“ НА ПАТОТ БИТОЛА-ПРИЛЕП ОДНЕСЕ ЖИВОТ НА ТИНЕЈЏЕРКА

20/09/2026
Македонија

САКАЛ ДА ИЗЛЕЗЕ ОД МАКЕДОНИЈА КАКО „ИТАЛИЈАНЕЦ“ Со себе имал

20/09/2026
Македонија

„TASK FORCE“ НА БЈБ ЧЕШЛА КРАЈ СТРУГА Во Радожда контролирале

20/09/2026
Македонија

СЕДМИЦАТА ЌЕ БИДЕ СВЕЖА, ЌЕ ПОЧНЕ СО ДОЖДОВИ Ветрот локално

20/09/2026
Македонија

ТРАГЕДИЈА КАЈ АГИНО СЕЛО, ДВАЈЦА ЗАГИНАА ВО НЕСРЕЌА Возач на

20/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45692
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЛЕФКОВ НАЈАВИ КРИВИЧНА ЗА ЈОН ФРЧКОСКИ Го повика Обвинителството да ги испита фотките и изјавата

20/09/2026

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков најави дека денеска ќе поднесе кривична пријава против Јон Фрчкоски од СДСМ и непознати лица.

СЛУШНАЛ ВРЕСОЦИ И ТРГНАЛ ПО СИНОТ ВО КАЊОНОТ Таткото загина во Словенија, момчето е тешко

20/09/2026

Седумгодишно момче тешко се повредило откако паднало во кањон кај водопадот Савица во Бохињ, а неговиот 44-годишен татко, откако ги

ЗНАМ НЕ ВЛЕЗЕ ВО ВЛАДА ЗА ФОТЕЛЈИ Димитриевски даде отчет за две години работа во

20/09/2026

Две години работа, две години резултати, една љубов – Македонија. Со ова мото Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија продолжува

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy