Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СДСМ: Непосредно пред локалните избори, иституциите под контрола на власта на ДПМНЕ, координирано вршат притисок врз градоначалниците од СДСМ
Македонија

СДСМ: Непосредно пред локалните избори, иституциите под контрола на власта на ДПМНЕ, координирано вршат притисок врз градоначалниците од СДСМ

27/04/2025

AA

Непосредно пред локалните избори, иституциите под контрола на власта на ДПМНЕ, координирано вршат притисок врз градоначалниците од СДСМ, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска на денешната прес-конференција.

„Сите можни инспекции, различни сектори под контрола на МВР, инспекторати и многу други институции буквално ги имаат окупирано општините водени од градоначалници на СДСМ.

Власта оди дури и до таму, да врши притисоци и врз членови на потесните семејства на градоначалниците, со незаконски прераспределби од работното место надвор од местата на живеење.

Овој притисок е селективен и тенденциозен — насочен исклучиво кон општините каде што градоначалниците се од СДСМ, додека во општините под контрола на ДПМНЕ нема никакви контроли.

Очигледно целта на власта е од позиција на сила да ги заплаши актуелните градоначалници на СДСМ пред изборите, да им врши притисок и во крајна линија да им ја опструира нивната работа.

Ова е класичен пример за злоупотреба на државните институции во партиски цели од страна на ДПМНЕ. 

Ова не е само напад избраните градоначалници на слободни избори туку напад врз демократијата и врз основните принципи на владеење на правото.

СДСМ најостро го осудува овој политички притисок на власта и бара веднаш да престане! 

Ќе ги искористиме сите механизми на располагање, и на домашен и на меѓународен план, за да го заштитиме интегритетот на нашите градоначалници и правото да работат без притисок и закани.

За разлика од градоначалниците на ДПМНЕ кои не ги исполнија своите ветување и за 4 години не сработеа ништо, градоначалниците на СДСМ се пример за отчетно, транспарентно и одговорно работење во интерес на граѓаните.

Власта треба да знае дека со злоупотреба на институциите, со притисок, не може ниту да не замолчи ниту да не заплаши. 

Ги повикуваме сите надлежни тела, како и меѓународната заедница, да го следат внимателно овој процес и да застанат во одбрана на демократските стандарди во земјава“, вели Кузеска.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Австрискиот амбасадор Памер по вандализмот на Шар Планина: Прашање е

23/08/2026
Македонија

Вооружен напад во Арачиново: Пукано кон „Шкода“ со две лица,

23/08/2026
Македонија

Езеро Рупа – скриениот бисер на Пелистер

23/08/2026
Македонија

Добро е тоа што немаме загинати или повредени и нема

23/08/2026
Македонија

17-годишен Македонец трет на Охридскиот пливачки маратон, победници се Аргентинката

22/08/2026
Македонија

ЕБР одбележа 25 години постоење: „Еден од столбовите на безбедносниот

22/08/2026
Македонија

Неколку лица побарале лекарска помош откако вдишале чад од пожарот

22/08/2026
Македонија

24 пожари на отворено во земјава, 15 сѐ уште активни

22/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45195
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Австрискиот амбасадор Памер по вандализмот на Шар Планина: Прашање е дали уште треба да се

23/08/2026

Амбасадорот на Австрија во Скопје, Мартин Памер, изрази разочараност по уништувањето на новопоставената зимска маркација на патеката за планинарење Попова

Вооружен напад во Арачиново: Пукано кон „Шкода“ со две лица, двајца повредени

23/08/2026

Двајца мажи се повредени откако утрово околу 5:45 часот било пукано кон автомобил на улицата „18“ во Арачиново, Скопје. Настанот

Езеро Рупа – скриениот бисер на Пелистер

23/08/2026

Езерото Рупа се наоѓа веднаш под северниот гребен на Врв Р’жана(2334мнв). Врвот Р’жана е најјужниот врв во рамки на НП

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy