Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СДСМ: Началникот на СВР Штип заштитен, јасно дека правда нема, ниеден од актуелните финкционери не е обвинет!
Македонија

СДСМ: Началникот на СВР Штип заштитен, јасно дека правда нема, ниеден од актуелните финкционери не е обвинет!

31/05/2025

AA

Каја Шукова, потпретседателка на СДСМ, денеска на прес конференција излезе со информации за „Вистината за Кочани“

„Власта која ја зави Македонија во црно се испречи на патот на правдата за најголемата трагедија во поновата македонска историја, пожарот во дискотеката Пулс во кој 62 деца го загубија својот живот, а 200 беа повредени.

Христијан Мицкоски ги искористи сите механизми на власта, закани, уцени и присоци со единствена цел да ги заштити своите луѓе, односно оние кои се најодговорни за трагедијата која го снајде Кочани, а тоа се актуелните функционери на власта.

Токму обвинителот Љубомир Коцевски кој беше под закана дека ќе биде сменет од актуелната власт, вчера ја затвори истрагата без ниту еден осомничен или обвинет актуелен функционер на власта предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Со што ли го држи Мицкоски Коцевски под своја целосна контрола?

СДСМ остави простор истрагата да биде завршена целосно и се надеваше дека ќе има правда. Денес е јасно дека правда нема. Ниеден од актуелните финкционери не е обвинет!

Од денес ги поставуваме клучните прашања и ги изнесуваме клучните докази кои очигледно се кријат за да се заштитат оние од власта. Прво заштитено лице е Дејан Салтировски.

Обвинителството мора да одговори:

Дали постои пишана наредба за акциска контрола во која стои дека вратите на дискотеката Пулс треба да бидат затворени? Ова е спротивно на стандардните операциски процедури. Прашуваме кој бил потпишан на таквата наредба?

Зошто ако обвинителството поседува ваков документ нема ниту еден обвинет актуелен полициски функционер од таа вечер?

Понатаму, Обвинтелството и Власта мора да одговорат зошто нема обвинение против тогаш актуелниот началник на СВР Штип, Дејан Салтировски?  Тој знаел или морал да знае дека во наредбата за акциска контрола спротивно на СОП стои дека ќе бидат затворени вратите во дискотеката Пулс?!

Понатаму, зошто обвинителството не го објави јавно видеото на кое се гледа началникот на СВР Штип, Дејан Салтировски во периодот 12:30 до 01:20 част пред дискотеката Пулс во Кочани.

Дали обвинителството го запраша Салтировски што барал во овој период пред дискотеката и зошто полицијата не влегла да врши акциска контрола како што било предвидено во 12:30 часот кога започнува забавата наместо на крајот од истата?

Дали Дејан Салтировски  во меѓувреме фалсификувал документација дека вечерта не бил на работа или за тоа постојат конкретни докази?

Дали Дејан Салтировски е заштитен од кривичен прогон затоа што ее во кумовска врска со Орце Тодоровски – Ефто еден од најблиските соработници и бизнис партнери на Христијан Мицкоски со кој градеше хидроцентрални и кој беше обвинет за милионски криминал во случајот Делчевски ниви?

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДАЛИ СО ПОТКУПОТ ОД ДАКА ЗАЕВ ИНВЕСТИРА ВО ПЛАНТАЖИ ВО

11/04/2026
Македонија

ТАЧЕ ПРИЗНА КАДЕ Е СЕГА СДСМ „Од четврто или петто

10/04/2026
Македонија

СЛЕДУВА ПРИЈАТЕН ВЕЛИГДЕНСКИ ВИКЕНД Навечер дожд, преку денот сонце и

10/04/2026
Македонија

ПОЛИЦИЈАТА УПОРНО АПСИ, НЕСОВЕСНИ УПОРНО ВОЗАТ ПИЈАНИ И БЕЗ ВОЗАЧКА

10/04/2026
Македонија

Официјално: Со возачка дозвола од „Б“ категорија ќе може да

10/04/2026
Македонија

СКОПЈАНЕЦ СНИМАЛ ВО КАСАРНАТА ВО ТЕТОВО Полицијата му поднесе кривична

10/04/2026
Македонија

Голема мечка снимена од безбедносни камери во селото Горна Белица

10/04/2026
Македонија

НИЕДНА ПАРТИЈА НЕ БИЛА ТОЛКУ ПРОГОНУВАНА ОД СОРОСОИДНАТА ПРАВДА КАКО

10/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42364
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДАЛИ СО ПОТКУПОТ ОД ДАКА ЗАЕВ ИНВЕСТИРА ВО ПЛАНТАЖИ ВО АФРИКА? Обвинителството да го истражи

11/04/2026

Колкав процент добил Зоран Заев од прорускиот бизнисмен Миодраг Давидовиќ Дака за ДУП-от во Тетово, дали парите од поткупот Заев

ТАЧЕ ПРИЗНА КАДЕ Е СЕГА СДСМ „Од четврто или петто место треба да се вратиме

10/04/2026

СДСМ веќе не се бори за првото место од втората позиција, туку се соочува со многу посериозен предизвик за враќање

СЛЕДУВА ПРИЈАТЕН ВЕЛИГДЕНСКИ ВИКЕНД Навечер дожд, преку денот сонце и северозападен ветер

10/04/2026

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди во текот на денот, најави Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе има

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy