Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Сарацин: Уставните измени се дел од договорот со ЕУ, нема да има друга понуда на маса
Македонија

Сарацин: Уставните измени се дел од договорот со ЕУ, нема да има друга понуда на маса

19/05/2023

AA

Уставните измени се предуслов и се дел од договорот со ЕУ, затоа истите треба да се спроведат, изјави специјалниот пратеник на Владата на Сојузна Република Германија за Западен Балкан, Мануел Сарацин.

Тој во гостувањето на Клик Плус на ТВ 21, прашан за тоа дали земјава ќе успее во дадениот рок да ги направи уставните измени, вели дека не може да се обложи бидејќи секоја одлука што ќе ја донесе земјава треба да се почитува.

-Сметаме дека на маса има европски договор и дека мора да се прифати или да се гласа против. Но, нема да има други зделки на маса. Колку пратеници (во парламентот на Северна Македонија) ќе гласаат (уставни измени) и како, не е моја работа да оценувам. Но, велиме отворено и искрено, разговараме со сите. Се обидуваме да ги разберат нашите аргументи, заради европската интеграција, за заедно со Германија, Северна Македонија да тргне на ова патување, вели Сарацин.

Тој вели дека земјава изгубила доволно време и по своја вина и по вина на ЕУ, затоа нема веќе време за губење. Германија, посочува тој, секогаш ќе ја почитува културата, јазикот и македонскиот идентитет.

-Многу луѓе во Северна Македонија имаат страв дека со овој процес се загрозува македонскиот идентитет, култура, македонскиот јазик, самото постоење на македонскиот народ како концепт. Јас можам да ви гарантирам вам и на сите во земјава дека за Германија тоа е важно. И го почитуваме. Ние го почитуваме македонскиот јазик, македонскиот идентитет и култура. Ние го почитуваме македонскиот народ, државата Северна Македонија, вели Мануел Сарацин.

Германскиот пратеник исто така рече дека се свесни дека довербата во ЕУ не е иста, но упати повик земјата да продолжи да верува бидејќи ЕУ е јасна стратешка опција на државата.

Сарацин, во рамки на работната посета на земјава во Собранието имаше одвоени средби со пратеници од различни пратенички групи застапени во законодавниот дом, а оствари средби со државниот врв.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЈА ЗАДУШИЛ СО ПЕРНИЦА ОТКАКО Ѝ ВЛЕГОЛ ВО ДОМОТ Млад

14/02/2026
Македонија

Бројот на нови случаи на грип се намалува 

14/02/2026
Македонија

Уапсен 25 годишен маж, физички нападнал и со перница задушил

14/02/2026
Македонија

Што купуваме помалку отколку пред 5 години – а што

14/02/2026
Македонија

Колку навистина чини еден просечен викенд за македонско семејство?

14/02/2026
Македонија

НЕМА СКАНДАЛ БЕЗ ЗАЕВ И БЕЗ ФИЛИПЧЕ Реакција на ВМРО-ДПМНЕ

14/02/2026
Македонија

Станови од „злато“ – рекордни цени и бум на пазарот

14/02/2026
Македонија

НАЈГОЛЕМ БУЏЕТ ЗА ОДБРАНА ВО 30 ГОДИНИ Мисајловски од Минхен

14/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41447
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЈА ЗАДУШИЛ СО ПЕРНИЦА ОТКАКО Ѝ ВЛЕГОЛ ВО ДОМОТ Млад човек уби 78-годишна жена и

14/02/2026

Во село Драгоманце, општина Старо Нагоричане, вчера навечер се случи страшен инцидент кога 25-годишниот Т.Б. од соседното село Малотино, беше

Бројот на нови случаи на грип се намалува 

14/02/2026

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) објави дека бројот на нови случаи на грип и заболувања слични на грип во периодот

Уапсен 25 годишен маж, физички нападнал и со перница задушил 78 годишна жена од Челопек!

14/02/2026

На 13.02.2026 во 19:30 часот во с.Драгоманце, општина Старо Нагоричане, полициски службеници од Полициското одделение Старо Нагоричане гo лишиле од

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy